Деца ќе возат „критична маса“ во повеќе од 100 градови во Европа

Деца ќе возат „критична маса“ во 90 градови во Европа
copyright Norbert Michalke

Во повеќе од сто градови во Англија, Швајцарија, Австрија, Белгија и Германија, деца, млади и семејства ќе организираат огромна Детска Маса (Kidical Mass) на 19-ти и 20-ти септември.

На светскиот Ден на децата и во рамките на Европската Недела на Мобилноста, деца на велосипеди ќе побараат менување на сообраќајната политика. „Сакаме децата да можат безбедно и самостојно да се возат со велосипед во нашите градови. Обезбедувањето повеќе слободен простор за движење и возење велосипед доби уште поголемо значење во време на корона“, објаснуваат од организацијата.

Заедничкиот викенд, што првпат се организира од ваков вид, поттикнат е од повеќе од 150 локални и регионални здруженија, организации и иницијативи, вклучувајќи ги Greenpeace и Changing Cities.

Условите за возење велосипед, особено за децата и младите, исклучително се влошени во голем број градови. Истото важи и за македонската престолнина, кадешто и покрај големите напори на неколку организации, вклучувајќи и бројни возења во знак на „Детска критична маса“, инфраструктурата уште заостанува, додека многу повеќе внимание се посветува на сообраќајот со автомобили. Првенствено недостига простор: Патеките за велосипеди се тесни, незаштитени или одвај ги исполнуваат стандардите. Родителите стравуваат да ги пуштат децата сами и поради тоа ги возат со автомобил.

Според статистиките спроведени во европски рамки, 85% од испитаниците во големите градови и вкупно 74% од сите испитаници нерадо би ги пуштиле децата сами да возат велосипед. Наспроти тоа, 92% од децата и младите бараат полесно доаѓање до местата за играње на отрворено, што подразбира и безбедни велосипедски патеки.

Политиката и општинските власти преземаат премалку за ситуацијата да се подобри. Едноставните мерки, како велосипедски патеки што се вкрстуваат со други патишта или обично бојадисување на прометни сообраќајници се далеку од доволни.

Kidical Mass сака луѓето да ги поттикне на одржлива мобилност. Возењето велосипед мора да биде безбедно и опуштено, за сите генерации да можат да се качат на велосипед. Организацијата бара во градовите да се воведат ограничување на брзината на 30 километри на час, како и безбедни мрежи од велосипедски патеки за ученици, како дел од многу поширока и целосна велосипедска мрежа во градовите. Најдобар пример за успешноста на таквите пристапи дава австрискиот град Виена.

Во продолжение неколку објави од активистите од здружението На Точак

https://www.instagram.com/p/CD0coCPHw1O/

https://www.instagram.com/p/CEG2K80nDTS/

https://www.instagram.com/p/CEPVimln6lr/

Претходна објаваОваа варијанта на Volkswagen Golf има многу таленти
Следна објаваБранша за пример: Škoda пакува делови во биоразградлива фолија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here