за

Mercedes-AMG GT Black Series одликуван како „оружје за трки“

Магазинот TopGear го именуваше Mercedes-AMG GT Black Series како „оружје на годината за тркачката патека“.

Mercedes AMG GT Black Series

Џек Рикс, уредник на британскиот магазин TopGear коментира за триумфот на најекстремната изведба на AMG GT: „Ултимативната верзија на AMG GT е оптимизирана во секој поглед со цел да ја уништи патеката со воена прецизност и да симне милисекунди од личниот рекорд. Тоа е најмногу што може да се добие од тркачки автомобил со регистерски ознаки, значи не е за тие со слабо срце, туку е за масивна возбуда ако го барате тоа.“

Mercedes-AMG GT Black Series го следи дизајнот на актуелниот тркачки автомобил AMG GT3 и располага со рачно склопен 4,0-литарски V8 со битурбо натполнење, со моќност од 730 КС и вртежен момент од 800 њутнметри. Со тоа, Black Series го носи најсилниот сериски мотор V8 што е изработен во историјата на AMG. Спринтот од место до темпо сто трае 3,2 секунди, крајната брзина е 325 километри на час.

GT Black Series е шести модел во фамозната серија на Mercedes-AMG. Прв беше SLK 55 Black Series во 2006 година, а последниот модел во серијата беше SLS Black Series, претставен во 2013 година.

Овие автомобили се создадени првенствено за тркачка патека, со голема примена на технологија од болидите што се користат во мотоспортот, но без притоа да се излезе од рамката за добивање хомологација за учество во јавен сообраќај.

>>> Mercedes-AMG GT Black Series рекордер на Нирбургринг

Mercedes-AMG GT Black Series сериски рекордер на Нирбургринг

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

мерење на загаденост воздух

Воздухот во Европа се прочистува, Истокот и Југот проблематични

Бродовите на Volkswagen со погон на масло од фритеза

Бродовите на Volkswagen со погон на масло од фритеза