за

Воздухот во Европа се прочистува, Истокот и Југот проблематични

Европа дише почист воздух. Така покажа извештајот на Европската агенција за животна средина. Загадениот воздух сепак продолжува да одзема стотици илјади животи.

мерење на загаденост воздух

Европејците дишат сé почист воздух. Во последните години постојано се подобруваше квалитетот на воздухот, како што укажува извештајот на Европската агенција за животна средина.

Позитивниот тренд се цени дека спасил 60.000 жители на Стариот Континент од прерана смрт во 2018 година, наспроти бројот на случаи на прерана смрт предизвикана од загадениот воздух со неразградливи честички (РМ) во 2009 година. Европејците сепак се изложени и натаму на превисока загаденост на воздухот со неразградливи честички, со азотен диоксид и озон блиску до почвата. Се цени дека над 400.000 жители на годишно ниво умираат прерано поради превисоката загаденост со овие штетни материи.

Експертите на Агенцијата ценат дека главна причина за зголемувањето на квалитетот на воздухот е намалувањето на емисијата во клучните сектори, како што се сообраќајот и енергетиката. Емисијата на штетни материи, како азотни оксиди, во споредба со 2000-та година е намалена и покрај зголемениот интензитет на сообраќај и ефектот од тоа врз емисијата на стакленички гасови.

Загаденоста на воздухот опаѓа откако мирува сообраќајот ширум Европа

Како што се наведува во годишниот извештај на Европската агенција за животна средина за квалитетот на воздухот во Европа, во 2018 година, во 41 европски држави имало околу 417.000 случаи на прерана смрт, поради загаденоста со неразградливи честички (PM2.5). Дополнително, во сите 41 држави има 55.000 случаи на предвремена смрт поради азотниот диоксид и уште 20.600 смртни случаи од озон на мала висина. Додека црната статистика поврзана со азотните оксиди е преполовена во споредба со 2009 година, во поглед на озонот, случаите на предвремена смрт поради озон се зголемила за една петина.

Источна и Јужна Европа и натаму се проблематични региони

Проблематичен региони во поглед на загаденоста со неразградливи честички и натаму е Истокот, каде што Европа цени дека причина е греењето на дрва и јаглен. Шест држави на ЕУ ги надминуваат граничните вредности: Бугарија, Италија, Хрватска, Полска, Романија и Чешка. Од друга страна, бројни здруженија во овие држави веќе реагираат на наметнатото убедување од страна на Унијата дека загаденоста потекнува од греењето и јасно посочуваат на увозот на користени возила со нефункционален систем за пречистување од земјите во јадрото на Заедницата. Единствено во Естонија, Финска, Исланд и Ирска, овие вредности се под препорачаните вредности на СЗО, кои се дури и построги отколку во ЕУ.

Организацијата Гринпис го потврдува позитивниот тренд, но посебно ја повикува автомобилската бранша, повеќе да се посвети на својата одговорност за квалитетот на воздухот. „Цинично е тоа што токму автомобилската индустрија сега негодува за построгите гранични вредности. Оваа бранша сепак долги години мамеше во поглед на вредностите на издувните гасови и уште пред корона им наштети на белите дробови на милиони лица.” Браншата моментно реагира, дека построгите стандарди за азотни оксиди на ЕУ се технички неостварливи.

Во поглед на пандемијата, Агенцијата смета дека полициските часови придонесоа за подобрување на квалитетот на воздухот. Некои штетни материи во бројни европски држави се смалиле и до 60 проценти. Тоа особено важи за државите што беа погодени најсилно, меѓу нив Шпанија, Франција и Италија.

>>> Честички од издувот од дизелите ги трујат учениците во Софија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Oваа платформа ќе ги носи електричните модели на Kia и Hyundai

Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai

Mercedes AMG GT Black Series

Mercedes-AMG GT Black Series одликуван како „оружје за трки“