за ,

Честички од издувот од дизелите ги трујат учениците во Софија

Во и околу училиштата во Софија е утврдено високо присуство на загадувачки супстанци, што бара итност од воведување мерки за спречување на загадувањето.

Честички од издувот од дизелите ги трујат учениците во Софија

Додека македонските власти ќе дозволат старите автомобили со бугарски таблици и со нечист издув да сообраќаат секојдневно во нашата животна средина и по повластени услови да добијат македонски таблици, едно истражување оттаму покажува дека и Бугарија има исто толку сериозен проблем со штетноста од издувните гасови од старите возила со дизел мотор, кои ЕУ одамна ги забрани за сообраќај.

За старите автомобили со дизел мотор и со лоша издувна норма, Македонија од почетокот на годинава почна да применува еколошка компонента при пресметувањето на давачките, како мерка што првпат го зема предвид штетното влијание на издувните гасови врз животната средина и го обесхрабрува купувањето возила со висока емисија на штетни материи. Властите долго време ја игнорираа практиката, тие возила да се користат во Македонија со бугарски регистарски таблици. Масовноста на овие возила по македонските улици повторно доведе до слична ситуација како пред 2010 година, кога низ државата сообраќаа повеќе возила со странски отколку со домашни регистерски таблици. Властите вчера излегоа со соопштение, со коешто на сопствениците на овие возила ќе им биде овозможено да ги регистрираат возилата во Македонија, со 50% од висината на реалната давачка, со којашто требаше да се спречи натамошното зголемување на бројот на возила со штетно влијание врз животната средина.

Јавноста реагираше бурно, прво од аспект на возачите кои редовно ги платиле обврските за своите возила кон државата, второ од аспект на катастрофалната загаденост на воздухот со којашто Македонија се соочува од преоѓањето во новиот милениум, а тоа пак не случајно се совпаѓа со почетокот на масовното користење на возила од бугарските автоплацеви за користени возила на територијата на Македонија – без разлика дали на бугарски или на македонски таблици.

Бугарија заостанува незначително зад енормната загаденост на водухот во Македонија и предмет е на мониторинг на ЕУ, со цел да се заштити населението

Како надоврзување на темата, нé интересираше дали можеби и Бугарија се соочува со висока загаденост на воздухот. Тоа што никој во државата не го разгледувал досега, во општата заслепеност од луксузните, но евтини стари кои од Бугарија, се покажува многу јасно во едно истражување од септември лани.

Во извештајот на Алијансата за здравје и животна средина (Health & Environment Alliance), насловен како „Здрав воздух, поздрави деца“, се утврдува дека квалитетот на воздухот во и околу основните училишта во Софија не го заштитува здравјето на децата и не им овозможува оптимално учење. Во главниот град на Бугарија, мерењата покажале високо ниво на неразградливи честички PM2.5 во и околу училиштата.

Исто е утврдено и високо присуство на азотни оксиди (NO2) во и околу училиштата во кои било спроведено истражувањето. Авторите на студијата укажуваат на неопходноста да се спречи загадувањето што доаѓа точно од сообраќајот

Анализата во осум основни училишта во Софија, претставува дел од поширока научна иницијатива за мерење на загаденоста на воздухот во и околу 43 учиолишта во пет градови во ЕУ.

Загадувањето на воздухот е најсериозно загрозување на здравјето во Европа и глобално, што секоја година предизвикува прерана смрт на 400.000 луѓе и стотици милијарди евра трошоци за третирање на предизвиканите болести и заболувања. Постојат докази дека децата се особено изложени на ризици од загадениот воздух, што води до ризик од настанок на астма и предизвикува зголемување на бројот и на интензитетот на нападите на астма, особено во случаи кога децата живеат близу патишта со висок интензитет на сообраќај. Загаденоста на воздухот исто така може да влијае врз развојот на срцето, мозокот и нервниот систем на децата, дури и пред раѓањето.

„Нерзградливите честички можат да имаат сериозно негативно влијание врз здравјето. Имајќи ја предвид констатацијата од Светската Здравствена Организација дека не постои безбедно ниво на РМ, важно е да се утврдат изводите на загадувањто и да се постапува соодветно“, коментира Деница Иванова, потпретседателка на асоцијацијата Air for Health. „Лекарите во Бугарија ценат дека итно мора да се посвети внимание особено на чувствителната детска популација, чијшто развој е во опасност поради штетната загаденост на воздухот. Ќе соработуваме со колегите лекари, со здравствената заедница и со менаџментот во образованието, со цел децата во училиштата во Бугарија да можат да дишат чист воздух.“

Софија, главниот град на Бугарија, често се појавува во светските вести како жариште на загадувањето. Во последната студија од организацијата Air For Health Bulgaria што работи во рамките на HEAL, се покажа дека квалитетот на амбиенталниот зводух во Софија директно влијае врз здравствената состојба на населението. Студијата исто така потврдува дека во деновите кога се надминува лимитот на просечната дневна концентрација на неразградливи честички спореед нормите на СЗО, бројот на повици во службите за брза помош во просек се зголемува за 10 проценти.

Надминувањата во осум основни училишта во Софија се измерени уште во март и април, прашање е колкави се вредностите во текот на зимата

Проектот на HEAL се посветува на училиштата, во коишто децата минуваат до една третина од денот. Се мереа емисиите на PM, NO2 и CO2 во март и април 2019 година, во осум училишта, со 6.400 ученици. Овие училишта покриваат осум од 24 општини во Софија. Иницијативата беше реализирана во уште четири европски градови, Берлин, Париз, Лондон и Мадрид.

Во Софија, мерењата и на PM и на NO2, се причина за голема загриженост. Особено високи концентрации на PM2.5 се измерени во некои училишта во и вон училниците. На игралиштето во едно училиште биле измерени дури 71µg/m3 во 20-минутно мерење и 43µg/m3 во училница. Лимитот според Светската Здравствена Организација изнесува 25µg/m3 во период од 24 часови и истиот не смее да се надминува повеќе од три денови во годината.

Линк до соопштението: https://www.env-health.org/particulate-air-pollution-found-in-and-around-classrooms-in-sofia-underlines-urgency-to-act-for-clean-air/

Загадувањето со NO2 – загадувачка супстанца што потекнува главно од сообраќајот, особено од возилата со дизел мотор – било мерено и во и надвор од училиштата. Дозволениот лимит на годишно ниво од ЕУ и од СЗО за NO2 изнесува 40µg/m3. Просекот од мерењата во некои училишта во 4-неделниот период на мерење покажал вредност од 30µg/m3 во училниците и 32µg/m3 пред влезот. Експертите посочуваат дека станува збор за просечни вредности, а тоа значи дека вредностите достигнуваат многу повисоки нивоа, особено во времето кога родителите ги довезуваат децата на училиште и во времето кога ги земаат од училиште.

>>> Автомобилскиот пазар не е пластичарска улица

Автомобилскиот пазар не е пластичарска улица

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Toyota почна со продажба на штандови за дезинфекција со ножно активирање

Toyota почна со продажба на штандови за дезинфекција со ножно активирање

Porsche Taycan со лизгање до светски рекорд

Porsche Taycan со лизгање до светски рекорд