за

Toyota почна со продажба на штандови за дезинфекција со ножно активирање

Уште еден придонес на Toyota како голема и одговорна компанија, со одвојувањето капацитет за производство на штандови за дезинфекција на дланките.

Toyota почна со продажба на штандови за дезинфекција со ножно активирање

Toyota започнува со продажба на „Shodoku Taishi“, штанд за дезинфекција на дланките, што ќе биде достапен во салоните на компанијата во Јапонија. Компанијата издвои дел од своите капацитети и ги пренамени во производство на маски и визири. Toyota воедно го засилува и производството на заштитна опрема за здравството.

Производството на штандот за дезинфекција на дланките што се активира ножно започна уште во април. Проектот започна под иницијатива на вработените во фабриките на Toyota, со цел да се спречи ширење на инфекцијата меѓу вработените. Во тоа време производствените ленти мируваа, во првиот ударен бран на пандемијата.

Експерти на Toyota од повеќе подрачја се вклучија во проектот и работеа на подготовка на штандовите за производство. Прототипи беа поставени во здравствените институции, за потоа со забелешките од здравствените работници да се дојде до завршната верзија на штандот.

Штандовите што се побезбедни за користење во споредба со сличните уреди, понатаму беа дистрибуирани во здравствени институции, во дел од продажната мрежа на Toyota, како и во големи комерцијални објекти и државни институции во префектурата Аичи.

Toyota изработи 30 различни верзии на штандот за дезинфекција пред да ја достигне сегашната верзија

Следеа неколку усовршувања, меѓу другото и воведување можност за отстранување делови од штандот поради чистење, како и можност за користење од лица во инвалидска количка. Од 6 килограми во почетокот, тежината на крајот се сведе на 3,2 килограми, заедно со основата.

Месечно ќе се изработуваат меѓу 2.000 и 2.500 единици во погонот за делови во Камиго.

New item by Automedia MK / Google Photos

Технички податоци

  • Ширина × Длабочина × Висина 330 mm × 430 mm × 1,169 mm
  • Тежина 3.2 kg (со основата)
  • Препорачана цена од производителот 8,000 јени, без данок (околу 64 евра)

>>> Toyota GR Yaris со концентрат од коњски сили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW освои четири награди на „sport auto Award“

BMW освои четири награди на „sport auto Award“

Честички од издувот од дизелите ги трујат учениците во Софија

Честички од издувот од дизелите ги трујат учениците во Софија