за

Златен волан 2020 за дванаесет автомобили

Групацијата магазини АУТО БИЛД и неделникот Билд ам Зонтаг ги прогласија најдобрите автомобили за 2020 година и ги одликуваа со Златен Волан

златен волан 2020 auto bild bild am sonntag

Билд ам Зонтаг, најтиражниот неделник во Германија, заедно со европската групација АУТО БИЛД, по 44-ти пат доделуваа награди во рамките на Златен Волан. Станува збор за најважниот избор во автомобилската бранша во европски рамки.

Доделени се вкупно дванаесет награди Златен Волан, меѓу другото во категоријата на градски автомобили, спортски автомобили, а првпат и во категорија на приклучни хибриди. Возилата беа обемно тестирање од редакциите и од жирито на патеката за тестирање Лаузицринг во германската сојузна покраина Бранденбург.

Во состав на 14-членото жири влегуваат тркачот Ханс Јоаким Штук, поранешниот возач во Формула Е и јутјубер Даниел Абт, тв-водителот Каи Пфлауме, авторот на ПС-Профи Сидни Хофман, водителката и тркачка Лина ван де Марс и легендата од ДТМ Јоаким Винкелхок.

Победниците во категориите за најдобар автомобил до 25.000 евра и најдобар автомобил до 35.000 евра ги избира редакцијата. Читателите на АУТО БИЛД гласаа за најубав автомобил меѓу повеќе од 60 модели во конкуренција, а воедно ги предлагаат и трите кандидати за награда за иновација на годината, за којашто понатаму гласа експертско жири.

Првпат Златен Волан во категорија на автомобили со приклучен хибриден погон, победник е BMW 330e

Големиот победник на изборот е Porsche Taycan. Електричниот автомобил победи во две категории – од жирито е избран за најдобар спортски автомобил, додека публиката го изгласа за најубав автомобил. Наградата за најдобар градски автомобил ѝ припадна на Opel Corsa-E, најдобар компактен автомобил на годината е Audi A3, во средната и вишата класа триумфираше BMW 330e со приклучен хибриден погон.

Во четирите категории за СУВ-модели победија Ford Puma, Polestar 2, Kia Sorento и VW Tiguan eHybrid. Најдобар автомобил под 25.000 евра е Hyundai i20, а во категоријата до 35.000 евра е најдобар Seat Leon. Најдобрата иновација ѝ припадна на Toyota/Lexus. Нивната гаранција за 1 милион километри за батеријата на Lexus UX 300e ги убеди и читателите и жирито.

Сите добитници на наградата DAS GOLDENE LENKRAD 2020

Градски автомобил: Opel Corsa

Компакт: Audi A3

Средна/Виша класа: BMW 330e

Мал СУВ: Ford Puma

Среден СУВ: Polestar 2

Голем СУВ: Kia Sorento

Спортски автомобил: Porsche Taycan

Среден СУВ со приклучен хибриден погон: VW Tiguan

Најубав автомобил: Porsche Taycan

Најдобар автомобил до 25.000 евра: Hyundai I20

Најдобар автомобил до 35.000 евра: Seat Leon

Најдобра иновација: Toyota/Lexus за гаранцијата за 1 милион километри за батеријата на Lexus UX 300e

>>> Златниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

aspark owl · Овој автомобил е рекордер во спринт

Овој автомобил е рекордер во спринт

Toyota со четири експонати на дигиталното издание на SEMA

Toyota со четири експонати на дигиталното издание на SEMA