за

Овој автомобил е рекордер во спринт

Не постои автомобил што забрзува подобро. Времето на спринт од 1,72 секунда до 60 милји на час, што одговара на 96 km/h, му припаѓа на Aspark Owl.

aspark owl · Овој автомобил е рекордер во спринт

Јапонската инженерска компанија Aspark го произведува најстартниот автомобил во светот, Aspark Owl.

Рекордното време од 1,72 секунда за забрзување од место до 60 милји на час, односно 96 километри на час, Aspark Оwl го поставил на тркачката патека во Мизано, Италија. Според производителот, првите примероци од автомобилот наскоро ќе им бидат испорачани на сопствениците. Електричниот хиперспортски автомобил ќе се изработи во 50 примероци.

Јапонската компанија наведува податок за моќност од 1.480 киловати, односно 2.012 КС. Крајната брзина изнесува околу 400 километри на час.

За стандардниот спринт до 100 km/h се потребни помалку од две секунди. За автомобилот да забрза од место до 300 километри на час, доволни се единаесет секунди. Aspark Owl (англиски збор за ут) се изработува во Торино и чини 2,9 милиони евра.

>>> Aspark Owl со 2012 КС ќе забрзува под две секунди до темпо 100

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia stonic супертест ауто билд 100000 километри

Каква е Kia Stonic по супертестот од 100.000 km на Ауто Билд?

златен волан 2020 auto bild bild am sonntag

Златен волан 2020 за дванаесет автомобили