за

Каква е Kia Stonic по супертестот од 100.000 km на Ауто Билд?

Ауто Билд ја имаше Kia Stonic две години на супертест. Вообичаено за германскиот магазин, потоа следеше целосно расклопување на возилото.

kia stonic супертест ауто билд 100000 километри

Супертестовите се меѓу највредните содржини на Ауто Билд. Редакцијата на германскиот магазин истовремено има повеќе автомобили на супертест во времетраење од неколку години, кои се користат во работното секојдневие. Заклучоците на германските специјалисти по супертестот на Kia Stonic: Малечкиот СУВ доби многу фанови.

— (Текстот на магазинот АУТО БИЛД од супертестот на Kia Stonic, објавен на 21-ви ноември 2020 година, го пренесуваме во целост, во неговата оригинална форма, преведен на македонски јазик) —

Кај моите колеги од тест-редакцијатата постојат предрасуди кон одредени возила. За мотори со голема зафатнина, со oсум или повеќе цилиндри, нив од душата им извира широка насмевка на лицето. За малечки автомобили со тесногради трицилиндарци, нивниот лик се претвора како да треба да посетат заболекар. Таков беше и случајот кога флорида-жолтата Kia Stonic, во јули 2018 година со слаб ентузијазам беше пречекана во подземната гаража на АУТО БИЛД. Работна зафатнина 998 сантиметри кубни, 120 КС, мануелен менувач. Одлично. Покрај тоа, моделот не е многу познат. Во Германија од 2017 година се регистрирани само 20.000 Stonic. Но, уште на првите страници во патната книга се забележува промена во ставовите.

Уредникот на рубриката за вест Петер Фишер цени: „Изгледот на кросовер не е претеран, удобна е, просторна е за својата класа“. Шефот на АУТО БИЛД КЛАСИК, Хенинг Хинце оценува: „Изненадувачки добар мал автомобил со висок патен комфор и добра подвижност.“ Корејскиот автомобил се докажува и во главната редакција. Томас Хиршбергер по 1.000 километри: “Колава навистина причинува задоволство. Точно е дека трицилиндарскиот звук во почетокот се чувствува повеќе, но неговата моќност е врвна.“ Тоа е одличен почеток. Аплауз.

Технички податоци

  • Мотор Три цилиндри, турбо, напред попречно
  • Зафатнина 998 ccm
  • Моќност 88 kW (120 КС) при 6000/min
  • Вртежен момент 172 Nm при 1500/min
  • Погон Напред/Шестстепен менувач
  • Празно возило 1178 kg
  • Носивост 462 kg
  • Багажник 352-1155 l
  • Крајна брзина 185 km/h
  • Потрошувачка/Норма 5,2 l S (EU-Mix), CO2 115 g/km, WLTP 6,1 l/138 g

Одлична просторност напред и назад

На крајот на маратонскиот тест престои анализа на возачки записник на 27 страници и на 30 оцени за предностите и недостацоците на Stronic. Брзо се покажува: Stonic е победник на маратонот. Неговите димензии им се допаѓаат на сите. Просторноста напред и назад е одлична за СУВ во оваа класа. Има пофалби и за лесниот пристап напред. Покрај тоа, симпатии освојува и трицилиндарецот, со доволно моќност за секојдневието и со одушевувачки ниска потрошувачка. Но, никој не го штеди, сите пристискаат. „Тогаш потрошувачката навистина расте“, забележува Петер Фишер на една од неговите тури со Stonic. Покрај тоа, некои возачи и патници забележуваат за подвозјето. Попречните преоди на патот и тврдите удари се пренесуваат осетно. Тоа е познат проблем на Kia. Корејците ценат дека тоа е спортски.

Трошоци

  • Трошоци за гориво за 100.594 km
  • 7565,3 литри Super (= 7,5 l/100 km) 10.515,77 евра
  • Долевање моторно масло 0,5 литар 6,62 евра
  • Редовно сервисирање (со промена масло)
  • 15.000 km 215,78 евра
  • 30.000 km 306,94 евра
  • 45.000 km 261,10 евра
  • 60.000 km 334,03 евра
  • 75.000 km 405,57 евра
  • 90.000 km 469,68 евра
  • Трошоци за гуми (со монтажа)
  • 1 комплет летни гуми 205/55 R 17 V Continental PremiumContact 2 520 евра
  • 1 комплет зимски гуми 205/55 R 17 V Pirelli Sottozero 3 624 евра
  • Цена/Амортизација
  • Цена на тест-возило 07/18 (со опции) 24.880 евра
  • Сегашна цена на ново (со опции) 25.714 евра
  • Проценета вредност 09/20 10.400 евра
  • Амортизација на тест-возилото 14.480 евра

На Stonic му беше потребна нова спојка по 76.000 километри

За симпатиите придонесува и добрата опременост на тест-возилото. Во „Spirit“ се вградуваат мултифункциски волан со греење, говорни команди, грејачи во седишта, навигација, камера за рикверц и автоматска клима. На тоа се надоврзуваат и будни (некогаш премногу будни) системи за асистенција, како задржување во лента, предупредување при возило во мртов агол и за возило што наидува од попречен правец, автоматско долго светло и предупредување при замор. Забелешка: Ситничавиот систем за задржување во лента е подобро да се исклучи уште при поаѓање. Тоа ги поштедува нервите на сопатниците. Нервите на возачот се поштедуваат на тој начин што навигацијата функционира преку Kia Connected Services и преку телефонот на возачот. Во тој случај може да се користи TomTom-навигација во реално време. Инаку е голема шансата да се западне во застој.

По 76.000 километри треба дополнително да ја посетиме сервисната работилница. Менувачот малку потешко влегуваше во првиот и вториот степен. Нова спојка обезбеди течно менување на стгепените до крајот на тестот. Освен тоа, единствено што мораше да се смени беа предните сопирачки плочки. Трошок: 220,47 евра.

Мерни вредности

На почеток

На крај

Забрзување

0–50 km/h

3,5 s

3,9 s

0–100/-130 km/h

10,1/17,0 s

10,9/17,9 s

0–160 km/h

30,4 s

31,2 s

Еластичност

60–100 km/h

8,2/11,2 s

8,4/11,5 s

80–120 km/h

12,0/14,6 s

12,4/15,2 s

Пат на сопирање

од 100 km/h студени

36,9 m

37,2 m

од 100 km/h загреани

36,6 m

37,5 m

Внатрешна бучава

при 50 km/h

60 dB(A)

60 dB(A)

при 100 km/h

67 dB(A)

68 dB(A)

при 130 km/h

70 dB(A)

71 dB(A)

Потрошувачка на тест – CO2

6,6 l S – 156 g/km

7,1 l S – 168 g/km

По 100.594 километри претстои расклопување

Преостанува демонтажата при 100.594 километри. Stonic почна да ни се загрева. На заматениот сад за течност за ладење тешко се забележува дека нивото е под минимумот. Причината за тоа ја утврдивме при демонтажата. На пумпата за вода има траги од протекување. Kia заштедила на сензор за таков случај. Техниката при завршниот преглед сепак остава одличен впечаток. На тоа најдобро се надврзува забелешката на колешката Лаура Клучни, која речиси се вљубила. „Одличен патнички автомобил“, пишува таа. Нацртала и срценце. Добро извозено, Stonic.

Заклучок на Манфред Клангвалд

Погледнете го, Stonic! Не е најпродаваниот модел на Kia, но е еден што заслужува повеќе внимание. Големината одговара за град, изгледа симпатично, техниката е солидна, завршната изработка е беспрекорна. Kia сепак може да поддотера неколку работи.

>>> Новиот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia

Kia Stonic

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf R Mk8

Volkswagen Golf R · Моќноста му е во новиот погон на сите тркала

aspark owl · Овој автомобил е рекордер во спринт

Овој автомобил е рекордер во спринт