за

Toyota со четири експонати на дигиталното издание на SEMA

Прочуениот саем за тјунинг во Лас Вегас годинава се одржува во дигитален формат. Toyota подготви серија тјунирани модели за публиката зад дисплеите.

Toyota со четири експонати на дигиталното издание на SEMA

Toyota отсекогаш му се посветувала максимално на саемот за тјунинг во Лас Вегас, кусо SEMA. Годинава, поради пандемијата, големиот саем постои само во дигитална форма – иако возилата се сосем реални. Специјалистите на Toyota изработија три лути верзии на Supra и една авантуристичка верзија од пикапот Tacoma.

Првиот експонат што Toyota го прикажува од дигиталниот SEMA, сосем нормално за американскиот пазар, претставува верзија од популарниот пикап Tacoma. Возилото е дело на уредниците на 4WD Toyota Owner Magazine, врвно подготвено за совладување на теренски предизвици, но и соодветно задвижувано од мотор што добива екстра „притисок“ од механички рутс-компресор Magnuson. Како основа послужи теренската верзија Tacoma TRD. Додадени се носачи за велосипеди, кајак, плус опрема за кампување и планинарење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Уште еден уникат посебно за SEMA е верзијата на Supra со впечатливо насликана каросерија од Ornamental Conifer, прекар на британскиот уметник Николај Склејтер, кој е воедно уметнички директор во Race Service, креативна агенција во Лос Анџелес што ги поврзува луѓето кои имаат страст кон автомобилите и поп-културата. Секоја буква и бројка е насликана рачно, со емајл.

New item by Automedia MK / Google Photos

Дело на Ken Gushi Motorsports и GReddy Performance, оваа GR Supra со стартен број 21 мометно ја вози тркачот Кен Гуши во про-класата во Формула Дрифт. За доработката на возилото биле поставени три цели: Ефикасност, едноставност и ефект.

New item by Automedia MK / Google Photos

Квартетот од првата серија експонати за SEMA го заокружува GR Supra, подготвена од Papadakis Racing, со моќен линиски шестцилиндарец B58 под хаубата. Со Фредрик Асбо зад воланот, шампион во Формула Дрифт од 2015 година, оваа тркачка машина со 1.033 КС моментно води во про-класата. Серијата од девет епизоди на јутјуб, за изработката на овој автомобил, предизвика неверојатна гледаност. Видеата досега се прегледани над 14 милиони пати.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Toyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар

Toyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

златен волан 2020 auto bild bild am sonntag

Златен волан 2020 за дванаесет автомобили

honda e електрични автомобили

Tesla ќе ја спасува и СО2-емисијата на Honda