за

Toyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар

Toyota ќе го подржува тимот 23XI Racing во новата куп-серија на Наскар, кој е во сопственост на кошаркарската легенда Мајкл Џордан и на фаворитот за шампионска титула Дени Хамлин.

Toyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар

Тимот на Мајкл Џордан ќе дебитира на следната Дајтона 500, со Баба Волис зад воланот на Toyota Camry со стартен број 23. Во рамките на партнерството на американскиот огранок на Toyota, тимот ќе користи мотори подготвени од Toyota Racing, заедно со технолошка, техничка и логистичка поддршка.

Мајкл Џордан, Дени Хамлин и Баба Волис се ударните имиња во новиот тим во куп-серијата на Наскар. На триото му се придружува и Toyota, којашто ќе понуди поддршка за тимот на сите полиња.

Долгогодишниот љубител на Наскар, Мајкл Џордан, во својата кошаркарска кариера играше 13 сезони за Чикаго Булс и го предводеше тимот до шест шампионски титули во НБА. Спортската легенда стана сопственик на Шарлот Хорнетс (потоа Бобкетс) и е прв поранешен играч што поседува главнина акции за НБА-франшиза.

Мојата прва цел за 23XI Racing е да бидам колку е можно поконкурентен во шампионатот“, изјави Џордан. „Нашето партнерство со Toyota и Joe Gibbs Racing ни обезбедува опрема, ресурси и искуство за да го постигнеме тоа.“

Дени Хамлин подолго од деценија е клучен дел од семејството на Toyota. Од неговата прва победа зад воланот на Camry во 2008 година, тој постигна 41 победи, трипати ја освои Дајтона 500 и десетпати завршуваше сезона во Топ 10. Годинава, Хамлин постигна седум победи и се надева на првата титула во куп-серијата во Наскар.

Toyota Camry со стартен број 23 ќе дебитира на Дајтона 500 и ќе им се придружи на останатите два тимови, Joe Gibbs Racing и Gaunt Brothers Racing, во големата американска трка на 14-ти февруари 2021 година.

>>> Пред 55 години Toyota го претстави првиот јапонски суперавтомобил

toyota 2000gt светска премиера 55 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf R 8 pred

Volkswagen Golf R · Почнува одбројувањето до светската премиера

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон