за

Volkswagen Golf R · Почнува одбројувањето до светската премиера

Волфсбург ќе ја претстави новата генерација на Volkswagen Golf R во следната среда, на 4-ти ноември.

Volkswagen Golf R 8 pred

Volkswagen го најавува новиот Golf R како најсилен модел во историјата на бестселерот што досега има надминато 35 милиони продадени примероци.

Пра-верзијата на спортскиот компакт се појави во 2002 година, како Golf R32 со 241 КС и со погон на сите тркала. Тој беше прв модел на Volkswagen што во 2003 година доби менувач со двојна спојка.

Golf R е топ-моделот на најпродаваниот модел на Volkswagen на сите времиња. Сега започнува одбројувањето до светската премиера на новиот Golf R – таа ќе се одржи во следната среда, на 4-ти ноември.

Моторот е дволитарски од генерацијата EA888, кој според најавите ќе постигнува над 300 КС, колку што изнесува моќноста на Golf R врз база на седмата генерација на моделот.

Само еден ден подоцна ќе стартува продажбата на новиот спортски модел во Германија и во Европа.

Volkswagen брзо ја прошири понудата од спортски изведби во гамата на Golf. По дебито на GTI, GTI Clubsport, GTE и GTD, сега следи динамичниот топ модел од осмата генерација на Golf. Производството на Golf R ќе се одбива во Волфсбург, исто како и за сите моделски верзии на Golf.

За новиот модел се ветува дека ќе биде посилен, подинамичен, поштедлив, со богати можности за поврзување со преносни уреди и секако дигитализиран. Посебен нагласок се става на иновативниот погон на сите тркала, со варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу двете тркала на задната оска.

Контролата на погонот на сите тркала се регулира преку т.н. менаџер на возната динамика, кој е поврзан со останатите системи во подвозјето, меѓу кои електронска блокада на преден диференцијал XDS и адапитивна регулација на амортизацијата DCC.

Под хаубата ќе работи дволитарски турбо од генерацијата EA 888, со систем за ладење на издувните гасови што е интегриран во главата на моторот, како и со варијабилно управување на вентилите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti centodieci

За продажбата на Bugatti и Bentley ќе се решава в година

Toyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар

Toyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар