за

За продажбата на Bugatti и Bentley ќе се решава в година

Со месеци се шпекулира околу продажбата на Bugatti и Ducati. Постои неизвесност и околу приклучувањето на Bentley кон Audi, како и за Lamborghini.

bugatti centodieci

Концернот Volkswagen дури в година ќе решава околу статусот и иднината на четирите специјалистички марки, Bugatti, Ducati, Bentley и Lamborghini. Шефот за финансии Франк Витер ја исклучува можноста дека менаџментот ќе одлучува во оваа проблематична година.

Волфсбург ќе решава за иднината на своите ниш-марки Bentley, Bugatti, Lamborghini и Ducati најрано во 2021 година. Финансискиот директор Франк Витер изјави дека „во оваа година не би очекувал многу новини околу тоа прашање“. Предоцна е во овој дел од годината да се решава за такви клучни прашања.

Последниот пат се шпекулираше дека концернот Volkswagen во ноември ќе одлучува и околу иднината на ниш-марките, во рамките на планирањето за следната година. Според Витер, „пречистување на портфолиото не се исклучува“. Финансовиот директор не открива повеќе детали. „Раководството има повеќе идеи. Но, уште е рано за тоа да го објавуваме, со цел да не поттикнеме натамошни шпекулации.“

Можно е Bentley во иднина да припаѓа под марката Audi. Според различни извори, за Bugatti се водат преговори со хрватскиот стартап Rimac. Акциите на Lamborghini би можело да се понудат на берзата, додека нов сопственик на Ducati ќе стане еден инвеститор.

>>> Тркачкиот Bugatti Bolide располага со 1.850 КС и вози над 500 km/h

Bugatti Bolide

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda за девет месеци продала 720.000 возила

Škoda за девет месеци продала 720.000 возила, профит 469 милиони €

Volkswagen Golf R 8 pred

Volkswagen Golf R · Почнува одбројувањето до светската премиера