за

Škoda за девет месеци продала 720.000 возила, профит 469 милиони €

Škoda во првите девет месеци испорачала 721.900 возила на светскиот пазар, што е 21.0% помалку во споредба со лани. Во септември, Чесите дури и ја зголемиле продажбата.

Škoda за девет месеци продала 720.000 возила

По повторното отворање на продажните салони во вториот квартал, продажбата на чешката марка во септември повторно бележи раст во споредба со лани. Оперативната заработка на Škoda годинава достигна 469 милиони евра. Влијанието на пандемијата сепак останува. Прометот надминува 12 милијарди евра, маржата е 3,9 проценти.

Само во третиот квартал, Škoda постигна речиси половина од вкупната продажба до крајот на септември, со 295.200 возила. Тоа се должи на повторното отворање на продажната мрежа во сите региони во коишто е присутна марката.

Во септември, Škoda сепак постигна раст од 2,6 проценти и продаде 104.600 возила. Чесите продолжуваат со стратегијата и со најголемата моделска офанзива во историјата на марката. Во почетокот на септември имаше премиера електричната Škoda Enyaq iV. Продажбата на кросоверот врз платформата MEB на Volkswagen ќе стартува напролет во 2021 година.

Купувачите останаа верни на марката. Škoda до крајот на септември ужива рекордно висок удел од 5,4% на европскиот пазар, што е за 0,6 процентен бод над истиот период лани. Расте и бројот на нарачки за возила во септември, што ќе донесе натамошен раст во продажбата до крајот на годината. Сепак постои голема неизвесност како понатаму ќе се одвива ситуацијата со пандемијата.

По региони, Западна Европа до септември регистрирала 312.900 возила (-21.2%, лани 397.300 возила). На вториот најголем пазар во Европа, Германија, во трите квартали се продадени 113.200 возила (-22.6%). Во „електричната“ Норвешка, продажбата пораснала за 3,2% на 5.400 возила.

Централна Европа има 134.700 нови возила од марката Škoda до септември (-15.6%). Домашниот пазар забележал пад за 11.3 проценти, со вкупно 62.300 возила. Во Источна Европа, без Русија, Škoda испорачала 27.400 возила (26.2%). Рускиот пазар во истиот период пораснал за 6,0% и регистрирал 65.200 нови возила Škoda.

Кина, најголем единечен пазар на компанијата, регистрирала 124.900 возила до септември (-35.8%). Индискиот пазар, кадешто Škoda презема улога на носечка марка за целиот концерн, има 6.800 нови возила до септември (-36,6%). Одличен резултат има Турција, со раст од 91.8% во продажбата, со вкупно 15.800 возила.

Број на испорачани возила по одделните моделски серии на ŠKODA

(до крајот на септември 2020, светски пазар)

ŠKODA OCTAVIA (189,400; -29.6%)

ŠKODA KAROQ (96,500; -13.2%)

ŠKODA KODIAQ (96,300; -20.2%)

ŠKODA KAMIQ (90,600; +154.5%)

ŠKODA FABIA (77,600; -44.4%)

ŠKODA SUPERB (61,000; -20.8%)

ŠKODA RAPID (54,300; -50.5%)

ŠKODA SCALA (46,300; +120.9%)

ŠKODA CITIGO (само во Европа: 9,900; -)

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првпат повеќе електрични возила од дизели во европската продажба

Првпат повеќе електрични и хибридни возила од дизели во европската продажба

bugatti centodieci

За продажбата на Bugatti и Bentley ќе се решава в година