за

Првпат повеќе електрични и хибридни возила од дизели во европската продажба

Еден од секои четири новорегистрирани автомобили во Европа во септември бил со хибриден, приклучен хибриден или целосно електричен погон.

Првпат повеќе електрични возила од дизели во европската продажба

Годинава е турбулентна за автомобилската индустрија од многу аспекти, особено во Европа. Продажбата и натаму заостанува за 29% во првите девет месеци, во кои марките пласираа 8,54 нови автомобили, но добар знак е електричната револуција што се случува на европскиот пазар.

Според официјалните бројки за 27 пазари во Европа, бројот на новорегистрирани автомобили со електромотор во погонот – вклучувајќи хибриди, благи хибриди, приклучни хибриди и целосно електрични автомобили – во септември првпат го надминал бројот на возила со дизел мотор. На секој продаден дизел, следеле два продадени автомобили со алтернативен погон. Пред пет години, дизел моторите уште беа доминантен вид на погон во Европа.

Во септември дури се продале и за 1,2% повеќе нови автомобили во споредба со истиот месец лани, или вкупно 1,3 милион автомобили. Додека побарувачката за бензинци и дизели бележи двоцифрен пад во споредба со септември 2019, бројот на електрични возила се зголемил за 139% на вкупно 327.800 примероци. Тоа се рекордни вредности за електричниот погон, како во поглед на вкупната продажба, така и во поглед на пазарниот удел.

Првпат електричните и хибридните возила надминаа продажба од 300.000 примероци на месечно ниво и вторпат постигнуваат удел над 20% во вкупната продажба на автомобили во Европа

Сите овие промени се случуваат на сметка на падот на дизелот, кој моментно е на најниско ниво. Уделот на некогашниот шампион, моментно изнесува само 24,8 проценти. Само еден од секои четири новорегистрирани автомобили во септември, имал дизел мотор под хаубата. Пред точно една деценија, дизелите учествуваа со 50% во продажбата, додека уделот на електричните возила не достигнуваше ниту 1 процент.

Промените повеќе одат во корист на некои производители. Volkswagen, на пример, го надмина скандалот дизелгејт од 2015 година и стана нов главен играч во подрачјето на електричниот погон. Во минатиот месец, германскиот производител продал 40.300 возила со електромотор во погонот. Првото место сепак му припаѓа на пионерот и веќе традиционален играч во овој сегмент, на Toyota. Таа, пак, продолжува да доминира на пазарот на хибридни автомобили.

Хибридите и благите хибриди во септември учествувале со 53% во вкупниот пазар на возила со електрифицирана погонска спрега. Уделот, притоа, им пораснал за 124 проценти. Toyota и Lexus вообичаено доминираат, со пазарен удел од with 32%. Статистиката ги вкучува и благите хибриди, кои бележат голем раст кај Suzuki, BMW и Ford. Кај компактниот кросовер Ford Puma, на пример, уделот на возила со благ хибриден погон изнесува 69% од вкупната продажба на моделот.

Меѓу чисто електричмите возила предводи Tesla, чијшто удел се намалил за 5%, додека ривалите Volkswagen и Renault во исто време ги зголемиле своите удели за 352% и 211% соодветно. Доколку се земат предвид и останатите европски апзари, групацијата Volkswagen моментно е лидер меѓу чисто електричните возила, пред Tesla. Во септември, лидер меѓу приклучните хибриди е Mercedes-Benz, со удел во овој пазарен сегмент од 22%, пред Volvo и BMW.

>>> Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Eclipse Cross со хибриден погон пристига во Европа

Mitsubishi Eclipse Cross со хибриден погон пристига во Европа

Škoda за девет месеци продала 720.000 возила

Škoda за девет месеци продала 720.000 возила, профит 469 милиони €