Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Марката Chevrolet на американскиот концерн General Motors од следното лето ќе започне со продажба на комплет за електричен погон, со кого хоби-мајсторите и техничките авантуристи ќе можат своите возила со обичен погон да ги префрлат на електричен погон.

Во обемот на испорака на комплетот спаѓаат електромотор со моќност од 200 КС, кој се вградува во електричниот автомобил Chevrolet Bolt, заедно со батерија со капацитет од 60 kWh и техника за полнење.

Во соопштението за јавност од Chevrolet се најавува дека во рамките на саемот за постропродажна опрема и услуги SEMA360, кој во следниот месец ќе се одржи во дигитална форма, на својот штанд ќе прикаже Blazer од 1977 година, што е префрлен на електричен погон.

Овој Blazer-E врз основа на моделот од генерацијата K5, ќе послужи како најава за планираниот пакет со име „Electric Connect and Cruise“. За цената уште нема конкретни податоци.

Според соопштението, околу 90 проценти од компонентите потекнуваат од електричниот модел Chevrolet Bolt. Пред да започне со продажба на таканаречениот „eCrate“, американскиот производител ќе го обучи своите дилери и сервиси во САД, за вградување на овој кит. Во рамките на обуката ќе се добијат и потребните алати и друга опрема, кои се неопходни за работа со системи под висок напон.

>>> Електричниот Chevrolet Bolt ќе добие и кросовер изведба

Претходна објаваToyota се вклучува во тимот на Мајкл Џордан во Наскар
Следна објаваShell го укинува автогасот во Британија, нема побарувачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here