за

Shell го укинува автогасот во Британија, нема побарувачка

На близу 1.900 станици за гориво на Shell во Белика Британија и Ирска, повеќе не се нуди автогас.

Shell го укинува автогасот во Британија, нема побарувачка

Нафтениот гигант Shell комплетно го откажа автогасот од понудата на своите станици за гориво на целата територија на Велика Британија. Како причина за овој чекор се наведува слабата побарувачка и неисплатливоста за горивото да остане во понуда.

Автогасот на станиците за гориво на Shell во Велика Британија беше дел од заедничкиот проект со снабдувачот Calor. Оваа соработка се раскинува, синоќа беше затворена последната станица на нафтениот гигант на автопатот А1, на којашто можеше да се наполни автогас.

Calor ќе продолжи да снабдува со автогас повеќе од 1.000 станици за гориво ширум земјата. Вклучувајќи ги останатите компании, некогаш мошне ветувачкото погонско гориво моментно се нуди на вкупно 1.906 станици, главно во Англија и Велс.

Тековната инфраструктура за автогас на станиците на Shell е стара 20 години и за истата да се одржи во работа би биле потребни големи средства, кои не се исплатуваат покрај значително ослабнатата побарувачка.

Повеќе компании во земјата нудат префрлување на возила на погон на автогас. Dacia моментно е единствен производител што нуди фабрички подготвени возила за погон на автогас на британскиот пазар.

Од Dacia нема реакција дали тие и ќе ја укинат понудата од модели на автогас, по одлуката на Shell. Новата генерација на Sandero и Logan што беше претставена неодамна, исто така вклучува фабричка опција за автогас.

Според процените, во 2018 година во земјата постоеле околу 120.000 возила што биле префлени на работа на автогас, со по 4.000 нови возила годишно.

>>> Volkswagen се откажува од метанот, целосна посветеност на погонот на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Suzuki Across

Across е најголемиот и најскап модел на Suzuki досега