за

Акио побара автомобил што е како патика, Лексус одговори со Ел Бе Икс

Патиките за коишто зборува шефот на Тојота, се поврзуваат со времето кога во раните шефовски денови, стилист го советувал Акио дека „не можеш да правиш кул автомобили, ако не внимаваш како се облекуваш.“

„Сакам да направите автомобил што е како патика.“ Претседателот на Тојота Мотор, Акио Тојода го побара тоа од тимот за развој на Лексус Ел Бе Икс. Како тие одговорија на барањето и зошто моделот се произведува во фабриката во Ивате?

Најмалиот и со тоа досега најдостапен модел на луксузната марка на Тојота, Лексус, се произведува во фабриката во Ивате, на истокот на Јапонија. Таму пред неколку денови се одржа свеченото пуштање во производство на Лексус Ел Бе Икс.

На свеченоста присуствуваа претседателот на корпорацијата, Акио Тојода, воедно и главен тест возач и тркач, познат под псевдонимот Моризо, како и главниот возач за развојот на нови модели Масахиро Сасаки.

„Сакам да направите автомобил што е како патика“, побарал Акио за развојот на новиот модел.

Кога на шефот му бил покажан првичниот изглед, тој кажал, “ова не е тоа што го барав. Тоа е само уште еден компактен автомобил.“ По обемно разгледување на сите можности, дизајнерите се решиле за дизајн со големи тркала, надувани крила и аеродинамична каросерија, со впечатливи испакнувања и влабнувања. Новиот изглед на шефот за развој Сасаки му личел како „Снешко Белчо“. Дизајнот му се допаднал на Акио.

Ел Бе Икс доаѓа од „Лексус Брејктру Кросовер“, односно од кросовер што означува пресвртница за Лексус

Полчасовното видео ги открива сите приказни околу предизвикот да се направи автомобил што изгледа како патика и меѓу другото го опфаќа и поглавјето кога стилист го советувал тогаш новиот шеф Акио Тојода, дека „не можеш да направиш кул автомобили ако се облекуваш вака“. Акио тогаш почнува да носи едни од најскапите модели на патики, што одговараат и за костум и за спортска облека.

Луксузните патики за коишто зборува Моризо се од француската марка Мезон Мажиела и чинат 500 евра.

Видеото навистина заслужува препорака и меѓу другото објаснува како Тојота успеа да постигне нејзините модели денес да ги привлекуваат и купувачите што кај еден авотмобил бараат емоции во дизајнот и во возењето.

Префектурата Ивате е местото на раѓање на шефот за развој Масахиро Сасаки. Таму Акио и неговиот главен инженер го направиле првото возење на Ел Бе Икс. Претседателот кажува, „познавањето на патиштата што Сасаки ги возел, што се воедно патиштата на коишто тој ги развил своите возачки способности, ќе придонесе за нашата цел да правиме уште подобри автомобили.“

Видеото од тестот на Тојота Ц-ХР во врвната изведба ГР Спорт

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Киа распалува со продажбата на електрични автомобили во САД

Фиат Панда најпродаван модел во март, Порше Македонија четирипати во Топ 10