Jeep Renegade во сервис поради проблеми со безбедноста

Невозможниот спој на двата производитела што ги направија најрасипливите автомобили во историјата веќе ги покажува ефектите: Jeep Renegade мора во сервис, поради откачување на безбедносните ремени.

Додека браншата работи на автомобили што управуваат самостојно, без „асистенција“ од возачот и во возилата се вградуваат камери, радари, ласери и сензори за постигнување уште поголема безбедност, двата невозможни партнера Fiat и Chrysler имаат проблеми со најобични безбедносни ремени. Кога беше објавено итало-американското партнерство на двата концерна што ги имаат произведено најрасипливите автомобили воопшто во автомобилската историја, вицевите околу квалитетот на заедничката работа на Fiat и Chrysler долго време беа главна тема во браншата.

Но, сопствениците на Jeep Renegade немаат причина за смеење. Среќна околност е единствено тоа што продажбата на моделот е толку мизерна, па во сервис мора да се повикаат само 1.913 примероци од квази-теренецот со големото име на Jeep и малата техника на Fiat. Станува збор за возила произведени во периодот меѓу 6-ти октомври лани и 21-ви јануари 2015, кај коишто постои опасност бравата на безбедносните ремени да се откачи при судир. Неверојатно, суштинската заштита во еден автомобил не функцонира во Fiat-Chrysler! Како е тогаш со другите системи?

Renegade не е единствен што мора да оди во сервис. Проблеми со безбедноста има и Cherokee. Каблите што минуваат низ кошот на моторот може да паднат од лежиштата и да дојдат во допир со лостовите на менувачот, од коишто може да се скине заштитната обвивка на каблите и да се случи заземјување со разни струјни кругови, вклучувајќи го и CAN-Bus. Неговиот контролен уред во тој случај може да ги исклучи безбедносните системи во возилото.

Минус и минус не даваат плус во автомобилското производство. Двете марки со најслаб квалитет ниту оддалеку не можат да достигнат квалитет во производството
Минус и минус не даваат плус во автомобилското производство. Двете марки со најслаб квалитет ниту оддалеку не можат да достигнат квалитет во производството

Претходна објаваMercedes CLA Shooting Brake во салонот на Мак Аутостар
Следна објаваИзбор за 15.000 евра: Citroen C4 Cactus или Suzuki Vitara?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here