Jaguar пушта серија од 15 „туристички“ примероци од Project 8

Jaguar XE SV Project 9 Touring
Jaguar XE SV Project 9 Touring

Jaguar ќе изработи нова серија од најмногу 15 примероци од најбрзата сериска лимузина во светот, од XE SV Project 8. Разликата кај ексклузивната серија под името „Touring“ е во тоа што задниот спојлер не е толку впечатлив. Некои клиенти едноставно бараат овој болид со 600 КС да го возат во секојдневието.

Одделението за специјални проекти на Jaguar изработи повеќе „цивилна“ верзија од XE SV Project 8, најбрзата сериска лимузина во светот. Досегашната екстремна изведба врз база на најмалечката лимузина под знакот на дивата мачка, беше развиена со единствена цел да бара рамни на себе на тркачките патеки. Новата изведба е малку поприземна, но само малку.

https://photos.app.goo.gl/ZCVC8DDSwcxboUb97

Главната разлика е во тоа што масивниот, комплициран и скап заден спојлер од карбон е заменет со обичен фиксен спојлер. Тоа не менува многу во перформансите и возните својства на болидот со 600 КС, барем доколку не се вози во крајните екстреми на возилото. Соодветно е сменет и предниот спојлер, заради аеродинамички баланс.

Jaguar XE SV Project 8 има поставено рекорди за најбрза сериска лимузина на Нордшлајфе, на автодромот во Дубаи и во Лагуна Сека

Под хаубата на „Touring“ и натаму работи 5,0-литарски V8 со механички компресор, способен за 3,7 секунди до темпо сто и крајна брзина ограничена на 300 километри на час. Специјалниот тим ќе изработи најмногу 15 примероци од новата изведба, рачно, во центарот во Ворвикшир. „Стандардниот“ Project 8 уште е достапен за нарачки и во Велика Британија чини 149.995 фунти.

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

Електричниот Jaguar I-Pace со три победи за светски „мотор“ на годината

Jaguar Land Rover испробува плаќање за информациите од возилото

Jaguar I-Pace е автомобил на 2019 година

Jaguar Land Rover отвори фабрика во Словачка

 

Претходна објаваДваесет години и нов Audi A6 allroad quattro
Следна објаваMcLaren се шири во Централна и Источна Европа: Отворен салон во Варшава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here