Audi A6 allroad quattro е работа за познавачи и љубители на возењето. Со пневматска амортизација, погон на сите тркала и зголемено растојание од подлогата, тој е најдобрата лимузина за терен и воедно најдобриот теренец за автопат. По дваесет години од првиот allroad, пристига нова генерација на моделот.
Повеќето СУВ-модели немаат толку генерации колку што има A6 allroad quattro досега. За 20-от јубилеј пристига четвртата генерација. Audi во 1999 година го претстави првиот A6 allroad quattro како посебна изведба врз основа на A6 Avant, малку повеќе софистициран и повеќе отмен од комбито, коешто во оваа марка никогаш и немало улога на товарно возило.
https://photos.app.goo.gl/1ac1JV91s9wLLbNA6
Суштината е во тоа што возилото со „лимузински“ изглед не се издвојува премногу во уличната слика, а сепак располага со врвни способности за возење по терен. Allroad често се избира и како влечна машина, за сопственици на јахти или тешки приколки. Погонот на сите тркала е стандард, заедно со активна пневматска амортизација и зголемено растојание од подлогата. Стилските преправки на каросеријата се држат во умерени рамки.
Каросеријата може да се „качи“ до 45 милиметри повисоко во споредба со стандардниот A6 Avant; Во нормални услови, растојанието од подлогата е 139 милиметри; Дозволената тежина на влечење е 2,5 тони
Висината на каросеријата се приспособува автоматски според брзината и избраниот режим на погонската спрега. При избор на највисоката положба, каросериајта се подигнува за 45 милиметри и во тој случај може да се вози најбрзо 35 km/h. Кога ќе се надмине оваа брзина, каросеријата се спушта автоматски. Пневматиката е корисна и при брзи тури по автопат, затоа што ја спушта каросеријата за 15 mm над 120 km/h.
https://photos.app.goo.gl/Negcc375Ev2Z4G4b9
На европскиот пазар се нудат три изведби со трилитарски V6 TDI. Во првата изведба со ознака 45 TDI следат 231 КС и 500 Nm, што произведува спринт до темпо сто за 6,7 секунди. Следи A6 allroad quattro 50 TDI со 286 КС и 620 Nm, а по него и 55 TDI со 349 КС и 700 њутнметри. Спринтот во последниов случај трае 5,2 секунди. Според новите норми, потрошувачката на гориво се движи меѓу 6,4 и 6,6 литри кај најсилната изведба.
За поголема агилност на асфалт може да се доплати за спортски диференцијал за задната оска
За преносот на сила секогаш е задолжен осумстепен tiptronic. Постојаниот погон на сите тркала може да се надополни со спортски диференцијал, кој безстепено ги распределува њутнметрите меѓу задните тркала, заради уште повисока возна динамика.
https://photos.app.goo.gl/YMjpSu8o1ob2mEzD8
Посебното во погонот на Allroad е тоа што сите мотори се изведени како благ хибрид, во комбинација со 48-волтна мрежа. Заштедата според Audi изнесува 0,4 литри на сто километри. Стартер генераторот испорачува до 8 kW екстра моќност при поаѓање, забрзување или одржување на брзината, но само краткотрајно, затоа што батеријата има мал капацитет (10 Ah).
https://photos.app.goo.gl/q65vXXYWk9kLr1898
Спортските возачи ќе се радуваат и на стандардното прогресивно управување. Како опција се нуди и управувана задна оска. Новиот Audi A6 allroad quattro е долг 4,95 метри, широк 1,9 метар и висок 1,5 метар. Меѓускиното растојание изнесува 2,93 метри. Багажникот располага со зафатнина од 565 литри, односно до 1.680 литри. Електричното отворање на задниот капак исто така е стандард. Продажбата започнува во јуни, ценовникот во Германија започнува од 61.500 евра.
Audi e-tron во мај со 856 испораки во САД
Audi TT во специјална серија достапен само преку интернет
Освежување за Audi A4: Нов изглед, дисплеи, благи хибриди
Audi добива зелено светло на семафорите во Инголштат
Кој знае да ги чита новите моделски ознаки на Audi?
















