за

Audi TT во специјална серија достапен само преку интернет

audi tt quantumgrau edition prodazba online
audi tt quantumgrau edition prodazba online

Во идната среда, на 5-ти јуни, Audi во Германија ќе започне со проект за продажба на автомобили преку интернет. Купувачите ќе можат да нарачаат еден од 99-те примероци од специјалната серија Audi TT Quantumgrau Edition. За плаќањето може да се избере лизинг или кредитирање, а потоа да се наведе адресата за испорака на посебно опременото возило на целата територија на Германија.

Партнерите на Audi се дел од овој проект со којшто се подготвува идната онлајн-продавница. Од почетокот на следната година, одредени нови модели на Audi ќе бидат достапни за купување преку интернет.

По успешниот старт со продажбата на користени возила на Audi во есента 2017, сега следи и продажба на нови возила по дигитален пат. На германската страница www.audi.de првпат може да се нарача автомобил. Audi TT 45 TFSI quattro S tronic во специјалното издание чини 62.305,03 евра.

Купувачот комуницира со советник, кој преку очила за проширена реалност воспоставува пренос во живо за клинентот и на тој начин му ги претставува деталите на возилото.

Audi ги откажува TT и R8, најавува супер-осумка

Освежување за Audi A4: Нов изглед, дисплеи, благи хибриди

Audi добива зелено светло на семафорите во Инголштат

Кој знае да ги чита новите моделски ознаки на Audi?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Citigo-e iV

Skoda Citigo-e прв вози на струја за чешката марка на Volkswagen

bojadisuvanje karoserija

Што ќе донесе мега-спојот меѓу Fiat и Renault?