Неопходните масивни инвестиции во подрачјето на електричниот погон, автопилотираното возење и новите дигитални услуги бараат откажување во другите подрачја. Audi ТТ и R8 нема да добијат наследници, но ќе има луксузна изведба на A8 и околу триесетина хибриди и електрични автомобили до 2025 година.
Audi нема да развива наследници за спортските купеа TT и R8. Инголштат мора да штеди за до крајот на 2023 година да инвестира околу 14 милијарди евра во електрични автомобили, во дигитални услуги и во автопилотирано возење. Шефот Брам Шот и официјално најави дека мора да се „прочешла“ моделската понуда на марката. Една третина од комбинациите на мотори и менувачи веќе е отстранета. Како надомест за откажувањето од TT и R8, шефот најави луксузна изведба од знаменосецот Audi A8, по пример на Mercedes-Maybach.
До 2025 година, Audi на пазарот ќе понуди 10 хибридни и дваесет целосно електрични модели. Понудата од хибриди моментно опфаќа три модели, а e-tron е единствен модел со погон на струја. Конкурентските марки имаат побогата понуда во тој поглед.
Наскоро пристигаат новите изведби со плагин-хибриден погон во моделските серии A6, A7 и A8. На e-tron ќе му се придружи купе изведба e-tron GT. Audi пред неколку години разви прототип од R8 со електричен погон, но тој не доживеа сериско производство, исто како и електро изведбата на Mercedes SLS.
https://www.instagram.com/p/Bx6k7lFFVB0/?utm_source=ig_web_copy_link
Освежување за Audi A4: Нов изглед, дисплеи, благи хибриди
Audi добива зелено светло на семафорите во Инголштат
Кој знае да ги чита новите моделски ознаки на Audi?
Audi S5 со трилитарски дизел и малку на струја
















