Кој знае да ги чита новите моделски ознаки на Audi?

audi nova oznaka modeli

Новото означување на моделите на Audi и натаму збунува многумина. Затоа нема да биде на одмет уште едно кусо објаснување за тоа што германската премиум марка имаше намера да го постигне со новиот начин на означување.

Минати се веќе две години, откако Audi ја смени номенклатурата, начинот на којшто ги означува своите модели. Вистината е дека во сета оваа временска рамка, само малкумина го сфатија кодот. Што всушност значи кога на задниот капак на Audi пишува 30 или 55 TFSI.

Порано немаше многу мистерија околу ознаката на моделите на Audi. Таа се состоеше од бројка што упатуваше на работната зафатнина на моторот, и букви, кои откриваа дали станува збор за бензински или дизел мотор под хаубата. Кога назад пишуваше A4 2.0 TDI, тоа значеше дека се работи изведба со дволитарски дизел. Сега на таа моделска изведба пишува A4 30 TDI. Значи единствено се сменило местото за работната зафатнина.

Audi реши преку бројката за работната зафатнина да ја замени со бројка којашто ќе се поврзува со моќноста на моторот. Броењето почнува од 30 и се однесува на мотори со моќност меѓу 81 и 96 kW, односно меѓу 110 и 136 КС. Бројките понатаму се зголемуваат за пет. Значи, следи 35, 40, 45 итн. Но, повторно не е јасно, затоа што од овие вредности не може точно да се заклучи колкава моќност има всушност моторот.

Затоа, кус преглед што открива сé:

Ознака

Моќност

30

81 до 96 kW (110 до 130 КС)

35

110 до 120 kW (150 до 163 КС)

40

125 до 150 kW (170 до 203 КС)

45

169 до 185 kW (230 до 252 КС)

50

210 до 230 kW (285 до 312 КС)

55

245 до 275 kW (333 до 374 КС)

60

320 до 338 kW (435 до 460 КС)

65

Моментно нема

70

Над 400 kW (повеќе од 544 КС)

Со табелата е многу полесно. Каква ознака сега носи Audi A4 3.0 TDI со 210 kW, односно 286 КС? Точно така, Audi A4 50 TDI. Моделите од спортското одделение, со ознака S или RS, се поштедени од новото означување. R8, исто така.

Но, каква беше замислата? Идејата беше во тоа што работната зафатнина станува нерелевантна, како што напредува електрификацијата на погонската спрега. Во блиска иднина е сосем извесно дека во A4 ќе работи 1,5-литарски или помал турбо бензинец, во некаква комбинација со електромотор. Ознаката по старо би гласела, на пример, А4 1.5 e-TFSI. Тоа, веројатно, нема да изгледа многу ветувачки. Прв модел што почна да ја користи новата номенклатура беше А8.

Зошто електричниот Audi e-Tron GT звучи како V8 во новиот „Авенџерс“

Audi S5 со трилитарски дизел и малку на струја

Audi со четири титули во изборот на најдобри теренци на Ауто Билд

Audi Q4 e-tron е веќе петти модел на струја до 2020 година

Претходна објаваГерманија пушти електричен автомобил за 20.000 евра
Следна објаваМотор V8 со 730 КС: Тоа мора да е Scania

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here