за

Audi e-tron во мај со 856 испораки во САД

audi e-tron prodazba sad
audi e-tron prodazba sad

Електричниот СУВ на Audi го имаше првиот полн месец во продажба на пазарот во САД и бројките се повеќе од ветувачки. Во мај, Audi постигнал 856 испораки на e-tron на големиот пазар. За споредба, А7 во истиот месец имал само 526 испораки.

Падот од 2,2 проценти во остварената продажба на Audi на проблематичниот пазар во САД во месец мај воопшто не ги загрижува менаџерите во Инголштат. Има нова ѕвезда во моделската понуда на автомобилите со четири прстени и тоа е Audi e-tron. Електричниот СУВ во мај постигнал 854 испораки на тамошниот пазар. Заедно со примероците испорачани во април, вкупната бројка достига 1.109 возила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За споредба, e-tron во мај се продавал подобро од A3, A7, A8, Q3, R8 и TT. Според американските менаџери, Audi e-tron ги има вистинската големина, вистинската технологија, вистинскиот сегмент и вистинскиот екосистем. Одделно, тоа значи дека e-tron е поголем од Q5 и незначително помал од Q8, со багажник од 660 литри.

При користење брз полнач со 150 kW, за десет минути се полни енергија за околу 90 километри пат

Вистинската технологија се однесува на можноста за одделна замена на батериските модули, како и на можноста за користење брзи полначи до 150 kW, на кои за 10 минути се полни енергија за околу деведесет километри возење. Погонот на сите тркала quattro во електрична изведба исто така е силен аргумент за e-tron.

Вистинскиот сегмент важи за тоа што e-tron спаѓа меѓу луксузните возила, како сегмент што бележи најголем раст, додека вистинскиот екосистем се однесува на домашната инсталација за полнење од Amazon и на напредната мобилна апликација myAudi.

Audi во првите пет месеци продаде вкупно 82.031 автомобил во САД. Најпродаван модел е Q5, со 25.299 примероци, пред Q7 со повеќе од 13.000 возила и А4 со близу 10.000 возила.

Џенифер го презеде првиот Audi e-tron директно од фабрика

Audi Q4 e-tron е веќе петти модел на струја до 2020 година

Audi e-tron во спектакуларно искачување по ски-патеката во Кицбил

Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Corsa-e

Електричната Opel Corsa чини 30.000 евра, испорака следната пролет

SEAT-Mii-Electric

Seat Mii на батерија вози 260 километри со едно полнење