Таму кадешто се решава за најдобрите скијачи во светот, Audi не смее да отсуствува. Електричен Audi e-tron го совлада најстрмниот дел од патеката за спуст во Кицбил. Фановите веднаш ќе се присетат на легендарното искачување на Audi 100 quattro по скијачка скокалница пред повеќе од три децении
Спектакл-мајсторите на Audi веќе неколкупати го насочија вниманието на целата автомобилска сцена кон електричниот кросовер e-tron. Прво беше искачувањето по Пајкс Пик, потоа следеше возење во најекстремни услови во Намибија. Но, последниов потфат ги надминува сите. Audi e-tron се искачи по таканаречената „глувчешка стапица“, како што скијачите го нарекуваат најстрмниот дел од патеката за спуст на Кицбил. Искачување по нагорнина од 85 проценти.
Audi докажа дека и „електричен quattro“ е добар quattro
За совладување на овој екстремен пасаж, техничарите изведоа посебна варијанта на погонот quattro, со два електромотори на задната оска и еден електромотор напред. Со тоа беше обезбедена краткотрајна врвна моќност од 503 КС. Преправки беа извршени и во контролниот софтвер, заради оптимална распределба на вртежниот момент конкретно за искачувањето по скијачката патека. На крај, беа монтирани и гуми со спајкови, изработени посебно за потфатот.
https://photos.app.goo.gl/6KyKXNQA29Kum6zp8
Зад воланот седеше Матијас Екстром, светски шампион во реликрос и двократен шампион во ДТМ: „Да се совлада нагорнина од 85 проценти – тоа звучи невозможно. Начинот на којшто овој автомобил го совлада тешкиот терен, дури и мене ме одушеви.“
Заради безбедност, во кабината беа вградени заштитен кафез и тркачко седиште со ремен на шест точки, а за возилото беше закачена сајла, за да се спречи евентуално тркалање на големиот автомобил по стромната надолнина.
Повторување на историјата, со уште поголем спектакл: Audi e-tron по нагорнина од 85 проценти во Кицбил
https://www.facebook.com/Automedia.mk/videos/995874820601935/
Оригиналниот рекламен спот од 1986 година кога Audi 100 quattro се искачува по ски-скокалница во Финска и повторувањето на потфатот со Audi A6 quattro:
https://www.youtube.com/watch?v=5ylX-pO5vRw
https://www.youtube.com/watch?v=LRkZ3ewxIfE
Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра
Кои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron
Audi e-tron не е „само“ електричен СУВ
Audi e-tron: Електричен СУВ во напаѓачки модус
Стартува производството на електричниот Audi e-tron
















