за

Статистика на дефекти на АДАК: Акумулатор, па напојување со гориво

адак статистика на дефекти

Статистиката што се поврзува со автомобилите хронично недостига во Македонија, но затоа некој друг е мошне ажурен во тој поглед. Германскиот клуб на возачи АДАК, лани асистирал четири милиони пати. Податоците од клубот јасно покажуваат кои подрачја на возилата се најмногу чувствителни

Службите за помош на пат на германскиот клуб на возачи АДАК лани им пристигнале на помош на возачите со дефектно возило дури 3.926.533 пати. Тоа дава дневен просек од 10.758 интервенции. Иако лани беше најтоплата година откако светот ги регистрира метеоролошките услови, бројот на ангажмани на клубот бил ист колку во 2017 година. Сервисерите на АДАК имале најмногу работа на 26-ти февруари, со дури 24.065 ангажмани, а потоа на 28-ми февруари, кога имало 23.209 излегувања на терен.

Најголем удел во вкупниот број дефекти имаат акумулаторите, со 42 проценти. Според Германците, тоа се должи на повторното зголемување на просечната старост на возилата – на 9,4 години. За споредба, повеќе од 80 проценти од автомобилите кај нас се постари од 10 години, а тоа честопати значи и околу дваесетина години.

Логично: Кога акумулаторот има струја, а моторот не пали, тогаш мора да е проблем со напојувањето или палењето

На второто место се дефекти во подрачјето на моторот и контролната електроника на моторот, кои учествуваат со 19% во вкупниот број дефекти. Тука спаѓаат првенствено проблеми со впрскувањето на горивото, со сензорите или со палењето. Третиот најчест дефект според АДАК се појавува во управувањето, каросеријата, сопирачките, подвозјето и во погонот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во меѓувреме, во статистиката на клубот се појавуваат и електричните автомобили, иако со вкупно 400 интервенции, нивниот удел во вкупниот возен парк во Германија е минорен.

Освен по телефонски пат, членовите на клубот ја користат и посебната мобилна апликација на АДАК. Околу 160.000 повици за помош на пат лани биле испратени по дигитален пат. Предноста при нејзиното користење е во тоа што сервисерите на клубот можат точно да го лоцираат возилото во дефект, а добиваат и точна информација за видот на дефектот.

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 4 и 5 години

Извештај на ТУВ: Ова се најрасипливите и најиздржливите автомобили

Најиздржливи марки на американскиот пазар според JD Power

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

сообраќајни правила странство

Необични закони во странство: Од данок за ротациско светло до резервни очила

audi e-tron ски-патека

Audi e-tron во спектакуларно искачување по ски-патеката во Кицбил