Jaguar Land Rover испробува плаќање за информациите од возилото

jaguar land rover pameten paricnik

Jaguar Land Rover пробно ќе им понуди можност на возачите да заработуваат во крипто-валута при возењето на својот автомобил. Идејата е телеметриските системи во возилото да испраќаат податоци за состојбата на патот и за условите во сообраќајот, на пример за ударни дупки или застои.

Податоците се испраќаат до локалните власти или до операторите на системите за навигација. Овие можности се базираат врз технологијата „Smart Wallet“. За оваа услуга, возачите добиваат ваучери, што можат да ги искористат попат, на пример за кафе, или пак, за автоматско плаќање патарина или паркинг.

Возачите на електрични возила имаат екстра можност, со ваучерите да го платат полнењето на батеријата. За Smart Wallet нема провизија и тој може да се надополнува и преку класичните методи за плаќање. Технологијата моментно се тестира во новиот центар за развој на софтвер на jaguar Land Rover во Шенон, Ирска.

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

Jaguar I-Pace е автомобил на 2019 година

Jaguar Land Rover отвори фабрика во Словачка

Jaguar патува за Париз со осум генерации на XJ

 

 

Претходна објаваХибридот на Hyundai налето стартува во освежено издание
Следна објаваСтудија на Ford: Онлајн-купувањето доведе до продажен бум кај комбињата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here