Во Париз пристига уникатен конвој од модели од сите генерации на серијата XJ на Jaguar. Британската марка одбележува половина век од појавувањето на првиот модел
Првата генерација на Jaguar XJ ја имаше својата светска премиера пред половина век на салонот во Париз. По тој повод, британската марка организираше специјален конвој со примероци од сите генерации на оваа моделска серија, којшто ќе допатува во Париз непосредно пред отворањето на салонот на 2-ри октомври. Конвојот поаѓа од фабриката на Jaguar во Касл Бромвич, во близина на Бирмингем. Таму се произведува и актуелниот модел, заедно со останатите моделски серии на марката со дивата мачка.
Идејната основа на луксузната лимузина на Jaguar препознава во голем број актуелни модели од конкурентските марки. Конвојот се состои од осум примероци од Jaguar XJ, по еден од секоја моделска генерација. Предводник е моделот од првата серија од 1968 година, а последен во колоната е примерок од јубилејната серија XJ50, којашто беше претставена пролетоска. Два особено ретки и вредни примероци се купето од втората серија и XJR од серијата X350, произведувана до 2009 година.






















