McLaren се шири во Централна и Источна Европа: Отворен салон во Варшава

McLaren Polska
McLaren Polska

Во полската престолнина е отворен нов престижен салон за McLaren. Тоа е втор салон на британската марка во подрачјето на Централна и Источна Европа. Новиот McLaren GT веќе пристигна во салонот во Варшава.

McLaren има нов дом во Варшава, во салон од 230 метри квадратни, сместен на стратешки избрана локација со лесен пристап, во населбата Прага Полудние во полската престолнина. Тоа е втор салон на ексклузивната британска марка со спортски автомобили во подрачјето на Централна и Источна Европа.

Локалниот дилер Auto Fus Group е компанија во фамилијарна сопственост, основана во 2011 година, којашто ја доби честа да биде дел од мрежата со само 90 салони на McLaren Automotive ширум светот.

Салонот на McLaren Warszawa ќе ги покрива и останатите пазари во регионот. Британскиот производител со голема историја во светот на кралицата на мотоспортот, во формула 1, најавува натамошно ширење на мрежата во регионот. Имајќи ја предвид ексклузивноста на марката, тоа значи отворање на уште еден или најмногу два нови салони.

https://photos.app.goo.gl/5ez88di1ePSg4cDc9

https://photos.app.goo.gl/sddDACxdoTxh1kAUA

https://photos.app.goo.gl/cZEY7zCVksnjpgpi6

Конструкторот на McLaren F1 одликуван за Командант на Британската Империја

Гран-турерот на McLaren без маска и со датум за мај

Lego во моделска офанзива: McLaren Senna за „коцкари“

McLaren P1 за јубилејот од првата титула на Аиртон Сена

 

 

Претходна објаваJaguar пушта серија од 15 „туристички“ примероци од Project 8
Следна објаваКинескиот Nio веќе стартува со вториот електричен модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here