Lego во моделска офанзива: McLaren Senna за „коцкари“

McLaren Senna Lego

За времето што беше потребно да се изработи првиот McLaren Senna од лего-коцки во природна големина, во Вокинг ќе се произведеа девет вистински автомобили. Ова е потешкиот начин да се дојде до примерок од хиперавтомобилот, кој се распродаден уште пред две години.

Светот го доби првиот лего-автомобил што е интерактивен. Тоа значи дека може да се седне зад воланот и да се притисне копчето за старт, по што се слуша грмењето на моторот – од звучниците. Седиштата, воланот и педалите се од вистинскиот автомобил. За изработката на McLaren Senna од лего-коцки беа потребни 5.000 часови и половина милион коцки.

https://photos.app.goo.gl/r731D3mUusfSVAfa9

Фановите на McLaren нема да се изненадат од тоа што лего-автомобилот со своите 1.700 килограми е половина тон потежок од вистинскиот болид, именуван по најголемата возачка легенда во формула 1, Аиртон Сена.

Вртоглави бројки: 467.854 коцки, 2725 часови за составување, вкупно 4935 часови работа вклучувајќи дизајнирање и конструирање, ангажирани 10 моделари, односно вкупно 42 лица од тимот на Lego

Данската фабрика за коцки што се повеќе од играчки веќе има богата соработка со McLaren. Пред две години беше изработена коцкаста верзија на McLaren 720S, но со близу 200.000 коцки помалку од „Senna“.

https://photos.app.goo.gl/4KsFxFrzqoUoyLrp8

Нема податок колку би чинело дома да се изработи примерок од хиперлего-автомобилот, но за ориентација може да се земе дека китот од 219 парчиња, со коишто се составува две педи долг McLaren Senna, во продажба се нуди за околу 15 евра.

https://photos.app.goo.gl/yw3Hvu57QPdXk8gw7

Необичната креација ќе се прикажува на важни настани, меѓу другото и на традиционалниот Фестивал на брзината во Гудвуд, во почетокот на јули.

https://www.instagram.com/p/BvePx9Rg2F1/

McLaren P1 за јубилејот од првата титула на Аиртон Сена

На McLaren 720S Spider покрив не му е потребен

McLaren Speedtail: Лордот од лентата за престигнување

Спектакл за испораката на првиот McLaren Senna

 

Претходна објаваГенерациско соочување: „Четворките“ од Ford Escort и Ford Focus
Следна објаваAston Martin Zagato за шест милиони со гратис историски автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here