за

Спектакл за испораката на првиот McLaren Senna

McLaren Senna 001 PaulRicard
Спортската марка на Мекларен Груп произведува ценети хиперавтомобили, меѓу кои и моделот именуван по легендарниот Ф1-возач Сена.

Кога се испорачува автомобил каков што е McLaren Senna, тоа не завршува со предавање клуч. Шест брзи и баснословно вредни автомобили патуваа 1.400 километри до Пол Рикар

Првиот примерок од суперспортскиот автомобил со името на најголемата легенда во формула 1 му беше испорачан на сопственикот. Примерокот од McLaren Senna со сериски број 001 му припаѓа на Дејвид Кајт, бизнисмен од Лондон. Секако дека важен чин како овој не може да се сведе на обично предавање на клучевите. Кајт директно од Вокинг појде на пат од 1.400 километри, во придружба од уште пет суперспортски модели од McLaren.

McLaren Senna 001 PaulRicard 4

Покрај „McLaren Senna 001“, конвојот го сочинуваат уште три фабрички примероци од новиот екстремен спортист од Вокинг и по еден McLaren 720S и McLaren 600LT. Во тимот возачи, покрај главните босови на најактивната спортска марка од островот, се наоѓа и Бруно Сена, внук на Аиртон Сена. Крајното одредиште е Пол Рикар, прочуена тркачка патека во близина на Марсеј, во јужна Франција.

Само за подготовка за лакирање биле потрошени 600 часови, од двајца експерти кои две недели посветиле само за McLaren Senna 001

Како што е вообичаено за клиентите на McLaren, Senna 001 не е испорачан во стандардната изведба, туку мина низ третманот на MSO, одделението за специјални нарачки. По барање на Кајт, кој веќе поседува неколку автомобили од оваа куќа, Senna е лакиран во темно сина боја со специјален ефект, со видлив натпис на името на моделот, со канал за воздух на покривот и капак на резервоарот со видлива карбонска структура, покрај уште десетина детали. Само за подготовката за лакирање биле потребни над 600 работни часови и двајца специјалисти кои две недели работеле само на автомобилот за Кајт.

McLaren Senna 001 PaulRicard 9

Врв на персонализацијата е потписот на Аиртон Сена на рамката на вратата. Годините во кои Сена ја освои шампионската титула се гравирани на педалот за гас, додека напред јасно се гледа графичкиот приказ на патеката Интерлагос, во Сао Пауло.

[FAG id=33994]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw m5 reklama, sekundi

Што сé може да се направи за 3,4 секунди според BMW

renault-nissan-mitsubishi

Renault-Nissan-Mitsubishi со титула на светски број 1