Со продадени 5.538.530 возила во првите шест месеци, алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi се повикува на титулата на најголем производител на автомобили во светот
Од лани има ново име во трката за титулата на најголем производител на автомобили во светот. Со придружувањето на Mitsubishi, француско-јапонската алијанса Renault-Nissan стана нов светски број 1, со поголема продажба и од Volkswagen и од Toyota.
На купувачите веројатно им е најмалку важно, дали автомобилот што го поседуваат, или моделот што го планираат за подновување, пристига од најголемиот производител во светот. Традиционалните вредности за повеќето купувачи остануваат издржливоста и противвредноста.
Но, титулата на топ-алијансата сепак не е за омаловажување, Renault-Nissan-Mitsubishi најмалку е виновен за тоа што Volkswagen во последниве години силно инсистираше јавноста да стане свесна дека концернот од Волфсбург е светски лидер.
Приклучувањето на продажбите од Mitsubishi доведе до новиот рекорд, но и матичните марки напредуваа
Франко-јапонците до крајот на јуни продале за 5,1 проценти повеќе возила отколку во првото полугодие лани, или вкупно 5.538.530 возила. Тоа е рекорд, но тој рекорд се должи главно на приклучувањето на продажбата на Mitsubishi во крајниот збир. Најголем пораст по сегмент има кај кросоверите, СУВ-моделите, пикапите и електричните модели.
По марки: Расте продажбата на Renault Clio, Captur и Scenic, романската Dacia посигнала рекорд, Nissan регистрира зголемен интерес за Note, Serena, X-Trail и Qashqai. Новиот член, Mitsubishi, се надоврзува со Eclipse Cross и Xpander.
Шампионско трио: Renault европски број 1 во електромобилноста, Nissan Leaf најпродаван одел, Mitsubishi Outlander PHEV најпродаван плагин-хибрид
Како европски шампион во електромобилоста, Renault држи 21,9 проценти од пазарот со Zoe и Kangoo Z.E. Новата генерација на Nissan Leaf е најпродаван модел во првите шест месеци во Европа, со повеќе од 18.000 примероци, додека на светско ниво, продажбата надминува 47.000 примероци за половина година. Во овој сегмент, традиционално е силен и Mitsubishi, со плагин-хибридот Outlander PHEV.

Триото планира да достигне продажба од 14 милиони примероци до 2022 година, што е за 30 повеќе од ланската продажба од 10,6 милиони возила.
Renault и Dacia продале рекордни 2,1 милион возила, со Renault како втора најпродавана марка во Европа и Captur како најпродаван мини кросовер. Nissan постигнал продажба на 2,8 милиони возила, заедно со Infiniti и Datsun. Залет фаќа и Mitsubishi (со околу 620.000 возила), чијшто Eclipse Cross неодамна стартуваше со продажба на 60 пазари во светот.
















