Какви вредности се добиваат кога ќе се споредат две генерации што ги двојат полни три децении? Разликата меѓу Ford Escort од средината на 1980-те и актуелниот Ford Focus дава прилично точна претстава за напредокот на автомобилите. Споредбата повеќепати дава фрапантни, па дури и комични разлики. Тоа што е заедничко: Двата модели го претставувале врвот во компакт класата, секој во своето време.
Колку малку стареат некои автомобили. Многумина од повозрасните генерации уште се сеќаваат на Ford Escort, чиниш минала одвај деценија откако автомобилот нов се појавуваше по улиците. Но, минале многу повеќе години, од првиот Escort има повеќе од пет децении. Генерацијата на германскиот компакт од средината на 1980-те години имаше мошне впечатлива појава, главно поради правите и геометриски прецизни линии во формата на каросеријата. Спортскиот Escort XR3i со три врати беше „главната машина“ и по нашите улици, барем оние неколку примероци кои пристигнаа релативно брзо.
Исто како што Escort се издвојуваше во уличната слика, така и Focus продолжува по истиот пример, додавајќи и благородна нота
Во меѓувреме, Escort стана Focus, а тој е веќе во својата четврта генерација. Исто како како што актуелниот модел се издвојува во компакт класата, така и Escort имаше посебна позиција во својата четврта генерација во споредба со главните конкуренти. Тоа е одличен повод за присеќање на Escort IV и можност да се направи „споредба на хартија“ со актуелниот Focus.
Во споредбата се наоѓаат најпретставителните семејни изведби во гамите на Escort IV и Focus IV. Семејни, затоа што своевремено постои и спортската варијанта XR3, денешен ST, како и екстремната спортска варијанта RS. Најсилниот бензинец за каросериската изведба со пет врати, пред триесет години имаше зафатнина од 1,6 литар и моќност од 90 КС. Неговиот пандан денес е 1,5-литарски EcoBoost со двојно повеќе моќност, со 182 КС. Тоа што станува збор за трицилиндарец, сцената веќе научи да го цени како технолошки напредок.
Погонска спрега
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
Вид на мотор |
Бензински |
Бензински |
|
Пречистување на издувни гасови |
Регулиран катализатор |
Филтер за честички за бензински мотори |
|
Цилиндри |
4 |
3 |
|
Подготовка на смеша |
Индиректно впрскување |
Директно впрскување |
|
Вентили |
2 |
4 |
+2 вентили |
Работна зафатнина |
1597 ccm |
1499 ccm |
-6,5% |
Моќност |
90 КС при 5800/min |
182 КС при 6000/min |
+202% |
Вртежен момент |
123 Nm при 4600/min |
240 Nm при 1600/min |
+195% |
Погон |
Напред |
Напред |
|
Пренос на сила |
Мануелен менувач, 5 степени |
Мануелен менувач, 6 степени |
+ 1 степен |
Старт-стоп |
– |
Сериски |
|
Препорака за менување степен |
– |
Сериски |
|
Класа на издув |
Euro 1 |
Euro 6d-Temp |
|
Единственото што не се променило во трите децении е предниот погон. Во секој друг поглед има драстичен напредок. Моќноста и вртежниот момент се двојно зголемени, а притоа особено се забележува ниското ниво на вртежи при коишто се постигнува максималниот вртежен момент кај 1.5 EcoBoost. Тоа секако дека има придонес во штедливоста, но дозволува и повеќе релаксираност за возачот.
Димензии и тежини
Подеднакво се драстични и разликите во оваа категорија. Каросеријата кај Focus IV пораснала за дури 36 сантиметри, при што само на меѓускино растојание отпаѓаат 30 сантмиетри. Има голема разлика и во ширината, со 1,64 наспроти 1,825 метар, што значи дека актуелниот модел е за дури 18,5 сантиметри поширок од неговиот претходник од ерата на Escort.
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
Должина |
4022 mm |
4382 mm |
+360 mm |
Ширина |
1640 mm |
1825 mm |
+185 mm |
Висина |
1385 mm |
1452 mm |
+67 mm |
Меѓуоскино растојание |
2400 mm |
2700 mm |
+300 mm |
Круг на вртење |
10,0 m |
10,6 m |
+0,6 m |
Багажник |
360 l |
375 l |
+15 l |
– со соборена клупа |
1100 l |
1354 l |
+254 l |
Соборување клупа |
Сериски |
Сериски |
|
Празно возило |
870 kg |
1369 kg |
+499 kg (+57%) |
Дозволена тежина |
1310 kg |
1890 kg |
+580 kg |
Носивост |
440 kg |
521 kg |
+81 kg |
Приколка (до 12%) |
900 kg |
1700 kg |
+800 kg |
Товар на покрив |
75 kg |
75 kg |
Очигледно е подрачјето во коешто се слулчиле најголемите промени: Тежината. Focus е половина тон потежок од неговиот предок, може да влече приколка потешка за 800 килограми на нагорнина до 12 проценти, а максималниот практичен простор со соборена клупа пораснал за повеќе од 250 литри. Но, багажникот е воедно и подрачјето во коешто најмалку е „додавано“, само 15 литри, со исправена клупа. Во реалноста, кабината не пораснала за триесетина сантиметри, како што укажуваат бројкиве. Тоа е приближно просторот што кај новите генерации е посветен за безбедноста. За тоа, нема што да се забележи.
Каросерија и подвозје
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
Вид на каросерија |
Комбилимузина |
Комбилимузина |
|
Врати, седишта |
5, 5 |
5, 5 |
|
Пружини напред |
Навојни |
Навојни |
|
Пружини назад |
Навојни |
Навојни |
|
Сопирачки напред |
Диск |
Диск |
|
Сопирачки назад |
Барабан |
Диск |
|
Гуми |
165/65R13 |
215/50R17 |
|
Контрола на притисок |
– |
Сериски |
Бројките не можат да посведочат за вистинскиот обем на напредокот во подвозјето, во каросеријата, и секако, во возните својства и пасивната и активната безбедност. Во Focus 1.5 EcoBoost 182 функционира мултулинк задна оска. Импресивна е разликата во димензијата на гумите. Контрола на притисокот во гумите е стандард, заедно со контрола на стабилноста и висинско местење на возачко седиште. Во следните категории има надополнување на ова подрачје.
Перформанси
„Најважното“ подрачје во секоја споредба. Значи…
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
0-100 km/h |
11,5 s |
8,3 s |
-3,2 s |
Крајна брзина |
178 km/h |
222 km/h |
+44 km/h |
Потрошувачка |
|||
– град |
– |
6,9 l/100 km |
|
– пат |
– |
4,5 l/100 km |
|
– просек |
– |
5,4 l/100 km |
|
Емисија на СО2 |
122 g/km |
||
Резервоар |
47 l |
52 l |
Вредностите за потрошувачката на гориво се неспоредливи, бидејќи во времето на Escort IV се користеше старата норма ECE, со вредности за потрошувачката при 90 km/h, при 120 km/h и во град. Затоа, пак, нема двоумење околу крајната брзина. Кога Escort 1.6 ќе ја постигне крајната брзина од 178 километри на час, Ford Focus 1.5 EB 182 во полн залет би прошишал со 44 km/h покрај него.
Безбедносна опрема
Тука најдобро се гледа напредокот што е постигнат во подрачјето на безбедноста. Поедноставно е да се наброи што има, отколку што недостига. Во времето на Escort, уште се доплаќа за средишен потпирач за глава назад, а има и појасен ремен назад. Во споредбата се земени највисоките нивоа на опрема, Ghia за Escort и Vignale за Focus.
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
Ниво на опрема |
Ghia |
Vignale |
|
Воздушна перница за возач |
– |
Сериски |
|
Воздушна перница за совозач |
– |
Сериски |
|
Странични воздушни перници напред |
– |
Сериски |
|
Воздушни перници за глава напред |
– |
Сериски |
|
Воздушни перници за глава назад |
– |
Сериски |
|
Средишен ремен назад |
Појасен ремен |
Ремен со 3 точки |
|
Потширач за глава назад |
– |
Сериски |
|
Потпирач за глава назад, средишен |
– |
Сериски |
|
Исофикс |
– |
Сериски |
|
АВЅ |
562 евра |
Сериски |
|
Помош при нагло сопирање |
– |
Сериски |
|
Самостојно запирање при опасност од судир |
– |
Сериски |
|
Предупредување за судир |
– |
Сериски |
|
Контрола на тракција |
– |
Сериски |
|
Контрола на стабилност |
– |
Сериски |
|
Динамични стоп-светла |
– |
Сериски |
|
Магленки |
– |
Сериски |
|
Светло при скршнување |
– |
Сериски |
|
Светло за свијоци |
– |
Во пакет |
|
ЛЕД предни светла |
– |
Сериски |
|
Автоматски светла |
– |
Сериски |
|
Автоматски бришачи |
– |
Сериски |
|
Радарски темпомат |
– |
Во пакет |
|
Препознавање замор |
– |
Во пакет |
|
Систем за следење лента |
– |
Сериски |
|
Помош при престројување |
– |
480 евра |
|
Предупредување при возило попречно |
– |
Во пакет |
|
Камера за знаци |
– |
Во пакет |
|
Проекциски дисплеј |
– |
Сериски |
|
Автоматско долго светло |
– |
Во пакет |
Гаранции од производителот
Разлики има и во остварувањето право на гаранција. Кај Escort има само одговорност на производителот во случај на грешка во производството, што е далеку од вистинска гаранција. Денес дури и увозникот нуди дополнителни години под гаранција.
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
Гаранција на возило |
Нема |
2 години (стандардно) |
|
Гаранција на лак |
1 година |
Нема |
|
Гаранција на корозија |
6 години |
12 години |
|
Друго |
2 години период на одговорност на производител |
Гаранција за мобилност: 2 години во цела Европа |
Цени и опрема
Уште едно многу благодарно подрачје за споредба. Цените се преземени од оригиналниот германски ценовник за Escort од 1987 година и соодветно се пресметани во евра, а заради споредба, цените за Focus исто така се однесуваат на германскиот ценовник. Основниот модел Escort C со 1,1-литарец со 50 КС и 3 врати стартува од 14.635 германски марки, додека врвот во гамата му припаѓа на Escort RS Turbo, со 1,6-литарец со 132 КС и цена од 27.915 германски марки. За десен ретровизор тогаш се доплаќа 141 германски марки, додека ABS чини 1.050 марки.
Ford Escort 1.6i Kat |
Ford Focus 1.5 EB 182 |
||
Ниво на опрема |
Ghia |
Vignale |
|
Основна цена |
11274 евра |
31300 евра |
|
Клима уред |
– |
Сериски |
|
Централна брава |
Сериски |
Сериски |
|
Електрика на предни прозорци |
Сериски |
Сериски |
|
Електрика на задни прозорци |
Сериски |
Сериски |
|
Паркинг сензори |
– |
Сериски, напред и назад |
|
Помош при поаѓање на нагорнина |
– |
Сериски |
|
Радио |
179 евра |
Сериски |
|
Навигација |
– |
Сериски |
|
Алу-бандажи |
– |
Сериски |
|
Кожени седишта |
– |
Сериски |
|
Металик лак |
230 евра |
565 евра |
Четвртата генерација на Ford Escort се произведуваше до 1990-та година, кога пристигна наследникот со заоблена форма на каросеријата, но и со голем напредок во моќта и технологијата на спортските верзии и со значително унапредување во подрачјето на безбедноста. До појавувањето на првиот Focus останува неполна деценија.
Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business
Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска
Лимузински Ford Focus со 536 литри багажник почнува со продажба
Ford Escort одбележува 50 години од премиерата