Кинескиот Nio веќе стартува со вториот електричен модел

Nio es6 pocetok proizvodstvo
Nio es6 pocetok proizvodstvo

Кинескиот производител Nio го започна сериското производство на моделот ES6. За кусо време треба да почне со работа и втората фабрика.

Производителот на електрични автомобили Nio штотуку го започна сериското производство на својот втор модел со погон на батерија. Стартап-компанијата од Кина ќе го произведува новиот модел со ознака ES6 во фабриката на Nio-JAC во Хефел, заедно со поголемиот модел ES8.

Наскоро се очекува отворање на втората фабрика во регионот на Пекинг. Првичниот план беше фабриката да се изгради во Шангај. Шефот Вилијам Ли и натаму е во потрага по партнерска компанија којашто ќе ги произведува возилата на Nio. Поради веќе потпишаните договори со добавувачите, стартот на производството повеќе не можеше да се одложува и Ли реши неговата компанија самостојно да се впушти во проектот.

Првите примероци од електричниот СУВ-модел ES6 ќе бидат испорачани веќе кон крајот на месецов. Nio го нуди компактниот СУВ во четири изведби, кои се разликуваат во големината на батеријата. Во зависност од тоа, досегот се движи меѓу 410 и 510 километри.

Цената на основниот модел на кинескиот пазар изнесува околу 52.000 американски долари.

https://www.instagram.com/p/ByU7OnmHwS8/

Кинескиот Nio има уште еден модел: Празната батерија се заменува со полна

Nio ES8 е одговорот од Кина на Tesla Model X

Електро-монструмот Nio EP9 на тест на Auto Bild

Што значи Кина за авто-производителите од Европа: Бројки и факти

 

Претходна објаваMcLaren се шири во Централна и Источна Европа: Отворен салон во Варшава
Следна објаваRenault Koleos доби нови мотори и вози покомфорно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here