За пет години продажбата на кросоверот на Fiat достигна 500.000 примероци. Fiat 500X од пролетоска првпат е достапен со двобојна каросерија.
Половина милион примероци се произведоа од Fiat 500X во фабриката во Мелфи, на југот на Италија. Кросоверот се појави во 2014 година и оттогаш е лидер во својот сегмент на италијанскиот пазар.
Славеничкиот примерок потекнува од специјалната серија за 120-годишнината на Fiat и вози со 1,3-литарски турбо бензинец со 150 КС, во комбинација со менувач со двојна спојка. Славеничката серија „120th“ беше претставена во март, на салонот во Женева. Кросоверот 500X со оваа серија првпат е достапен со двобојна каросерија. Меѓу поволностите што ги нуди италијанската марка со серијата „120th“ е шестмесечно бесплатно користење на петмилионската музичка база на Apple Music.
Fiat 500X се произведува во Мелфи заедно со Jeep Renegade, со когошто ја дели платформата. Фабриката на југот на Италија беше отворена пред 25 години и моментно ги извезува 500X и Renegade во повеќе од 100 држави.
Стинг и Шеги во спот за славеничката серија на Fiat 500
Fiat 500X продолжува со продажба на пазарот во САД
Mitsubishi со најмалку проблеми кај германските возачи, Fiat и Mini последни
Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил
















