за

Castrol произведува моторно масло од новогодишни елки

motorno maslo od elka
motorno maslo od elka

Посебна компанија на Castrol експериментира со нови решенија, истражувајќи нови подрачја за бизнис. Притоа произлегуваат и спектакуларни производи, како што е моторно масло во чијшто состав навистина влегува и новогодишна елка.

Компанијата Nexcel, којашто му припаѓа на Castrol и развива иновативни решенија, произведе моторно масло со висок квалитет, што целосно потекнува од отпадни материјал. Гуми за жвакање, старо масло од фритезите во рестораните, батерии, силиконски кит, па дури и новогодишни елки се рециклирани и се искористени за овој проект.

Според Nexcel, со овој чекор се докажува големиот потенцијал на отпадот, односно користа за животната средина што се постигнува преку рециклирањето

На публиката на светски познатиот Фестивал на брзината во Гудвуд, лани и беше демонстрирано дека рециклираното моторно масло на Nexcel е доволно квалитетно и за Aston Martin, и тоа во еден од моделите кадешто се бара особено многу и од маслото – во Vantage AMR Pro. Тој е првиот автомобил што ја извозе ридската трка во Гудвуд со рециклирано масло.

New item by Automedia MK / Google Photos

Огранокот на Castrol има развиено посебен филтерски систем што се додава на моторот и неговата суштина е во тоа што место класична замена на моторното масло, системот буквално се откачува од моторот, заедно со „резерваорот“ во којшто е собрано целото моторно масло. Постапката трае само 90 секунди и буквално не истекува капка масло.

Во 2016 година, Aston Martin победи на Нирбургринг, во рамките на VLN-шампионатот, користејќи рециклирано масло од Nexcel

Експертите на Nexcel со „маслото од елка“ имаа за цел да постигнат стопроцентна искористеност на отпадот, односно нула отпадни материи. Во составот на необичното масло спаѓаат 180 гуми за џвакање, 500 ml старо масло од фритеза, 1 грам силиконски кит, 14 обични батерии за домаќинство, 1 литар старо моторно масло и стара новогодишна елка. Од сите овие суровини е произведен 1 литар моторно масло со пристоен квалитет. Секако дека со натамошно додавање хајтек-адитиви може да се постигнат и врвните спецификации на масло.

New item by Automedia MK / Google Photos

Рано е за 1-ви Април: Shell продава универзално моторно масло

На ова треба да се внимава при изборот на моторното масло

Изум на Castrol: Замена на масло исто како замена на патрон за печатар

Тест на моторни масла: Добрите масла не мора да се скапи!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat_500X_500k

Fiat 500X стана половина милионер

Забраната за стари дизели во Штутгарт покажува ефекти

Забраната за стари дизели во Штутгарт покажува ефекти