Пет балкански земји ќе соработуваат во електромобилноста

електромобилност регионална соработка

Македонската „Електромобилност“ ќе соработува со здруженија од Србија, Романија, Грција и Бугарија со цел да се забрза преоѓањето на електричен погон на регионално ниво.

Во рамките на Форумот за паметни градови и мобилност (Smart Cities and Mobility Forum) кој се оддржа во Софија на 26-ти март, здруженија за електрична мобилност од пет балкански земји се согласија да соработуваат со цел да се забрза прифаќањето на електричната мобилност во регионот.

Оливер Велковски (прв од десно), како претставник од Електромобилност Скопје, на потпишувањето на соработката со колегите од регионот

https://photos.app.goo.gl/KURgBddhXzmRzhzA9

Македонското здружение за промовирање на електрични возила Електромобилност Скопје, во иднина ќе вложува заеднички напори на ова поле со Здружението за електрични возила од Бугарија, со Националното здружение за електрични возила од Србија, Здружението за промовирање на електрични возила од Романија и Институтот за транспорт од Грција.

https://photos.app.goo.gl/xiciTP5eaPe917ju6

Потпишан е долгорочен Меморандум за разбирање, со кого што се предвидува заедничко разгледување на пречките за електричната мобилност, како и преземање активности со кои ќе се влијае врз владите во одделните земји и врз локалните власти при преоѓањето во ерата на електричниот погон. Меѓу бројните цели на соработката спаѓа и усогласување со регулативите за имплементација на мрежата од полначи за електрични возила, како и имплементација на прекуграничната мрежа од полначи.

Електричните возила на најтивок, а најгласен собир во Скопје

Електромобил за 16.000 евра стартува со производство во Германија

Електромобилите со двапати помал сервис од обичните

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

Претходна објаваBMW ќе тестира роботско такси по 2021 година
Следна објаваОсвеженото годиште на Mercedes C-Class стартува од 33.990 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here