Студија спроведена во Холандија покажа во колкава мера се намалува прометот на автомобилските компании поради растечката продажба на електричните автомобили. Авторите на студијата предвидуваат три различни сценарија.
Едното сценарио, за коешто постои најголема веројатност дека ќе се реализира, предвидува дека една четвртина од продажбата на нови автомобили во Холандија во 2025 година ќе отпаѓа на возила со електричен погон. Овие возила ќе учествуват со 5% во вкупниот возен парк во државата.
Според истото сценарио, до 2030 година, дури три четвртини од продажбата ќе отпаѓа на електрични автомобили, а нивниот удел во вкупниот број возила во земјата ќе достигне 18 проценти.
Прва студија што посочува на смалениот обем на сервисирање на електричните автомобили
Оваа мошне интересна студија за првпат посочува и на сервисирањето на електричните автомобили. Јасно е дека работата на сервисните работилници е директно пропорционална со староста на возилата. Колку постари возила, толку повеќе работа. Во категоријата на возила стари до шест години, прометот на сервисните работилници ќе се намали за 31 проценти во споредба со прометот лани.
Според второто сценарио, продажбата на електричните автомобили ќе бележи помал раст во следниот период, но студијата посочува дека сервисните работилници и во тој случај ќе имаат големо намалување на прометот, односно конкретно 25 проценти. Третото сценарио ја зема предвид спротивната крајност, односно се зема дека продажбата на електричните автомобили ќе продолжи да расте прогресивно. Во тој случај, прометот на сервисите ќе се намали до 36 проценти.
Авторите на холандската студија посочуваат дека уште нема причина за паника, но потребно е автомобилските компании да реагираат соодветно. Поголемите компании побрзо ќе се соочат со намалениот обем на работа, поради помалата потреба од сервисирање на електричните автомобили. Помалите компании исто така нема да бидат поштедени.
Швајцарскиот електромобил на солена вода извозе 150.000 km без мака
Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1
Во Јапонија возат над 100.000 електрични автомобили Nissan Leaf
Многу историја во овој електричен автомобил
Почнува големиот пробив на електричните автомобили
















