за ,

Швајцарскиот електромобил на солена вода извозе 150.000 km без мака

nanoFlowcell Quantino 48 Volt

Електричниот автомобил Quantino пред три години имаше премиера пред стручната јавност. Оттогаш, прототипот со мистериозен погон измина 150.000 километри. Тоа се приближно 5.000 работни часови. Техничарите добија потврда дека иновативниот батериски систем е издржлив, не се троши и не бара одржување. Кога техниката ќе доживее сериско производство, компанијата ќе дава гаранција за 50.000 работни часови – или 1,5 милион километри. Освен двете пумпи за електролит, системот нема други подвижни делови, што би можеле да се трошат.

Quantino веќе стана рекордер извозувајќи 1.000 километри за 8 часови – тоа не го може друг електричен автомобил

Лани Quantino постави и светски рекорд за автомобили со електричен погон, откако измина растојание од 1.000 километри за 8:21 часови, без запирање. Поради тоа што електричниот погон работи под напон од само 48 волти, возилото е полесно, но е воедно и поевтино за производство отколку возилата со високоволтна технологија. Хомологацијата на возилото исто така е побрза и поевтина во споредба со електричните автомобили чијашто погонска спрега работи под висок напон.

Електромобилот што полни „течна струја“ уште во 2016 година имаше премиера на салонот во Женева. Постојат сомневања околу веродостојноста на техниката, но досега немало ниту едно издржано порекнување

Посебноста на Quantino е во батерискиот систем. За разлика од литиум-јонската техника којашто наоѓа примена во батериите на повеќето електрични автомобили, тука се користи солен електролитски раствор, когошто производителот го има регистрирано како bi-ION. Растворот се произведува без штетно влијание врз животната средина, едноставен е за ракување и евтин е за производство.

Според производителот nanoFlowcell, неговите електрични возила ќе се користат во секојдневието исто како автомобилите со обичен погон. Растворот се полни во резервоарите на истиот начин како бензин или дизел, но проблемот е во недостигот од инфраструктура. Животната средина не се загадува, ниту при производството на електролитот и на технологијата за возилата, ниту при возењето.

Евтина техника, евтини „батерии“, зарем е можно оваа техника да нема недостаток?

Почетокот на производството и на примената на оваа технологија би означиле голема револуција во целата автомобилска бранша, особено покрај фактот што се најавува дека возилата ќе бидат поевтини од постоечките „батериски“ електромобили. Производството на електролитот исто така е евтино.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Како функционира nanoFlowcell?

Во системот од течни ќелии nanoFlowcell 48 Volt на автомобилот Quantino се вградени три мембрани, низ коишто течниот електролит bi-ION струи и реагира меѓусебно. Номиналната моќност на вградениот систем од течни ќелии изнесува меѓу 80 и 90 kW. Течната ќелија преку DC/DC трансформатор испорачува нисконапонска струја до електромоторот од 80 kW. Тоа е доволно моќност за Quantino 48 Volt да забрза за 5 секунди до сто и да одржува максимална брзина од 200 километри на час.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Технички податоци · QUANTiNO 48VOLT

  • Крајна брзина во km/h: 200
  • Забрзување (0-100 km/h): <5s
  • Конфигурација на седишта: 2+2

Мотор

  • Максимална моќност kW (КС): 80 (108)
  • Максимален вртежен момент (Nm): 200

Течна батерија

  • Тип: nanoFlowcell® (течна ќелија)
  • Напон (V): 48
  • Капацитет (kWh): 85

Потрошувачка

  • 10-12 kWh / 100 km
  • Резервоари (l): 2 x 95
  • Досег (km): >1.000
  • Штетни емисии (g): 0

Димензии и тежини

  • Должина (mm): 3.910
  • Ширина (mm): 1.930
  • Висина (mm): 1.335
  • Тежина без електролит (kg): 685

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Пред еден месец, холдингот nanoFlowcell објави дека бара локација на којашто ќе стартува пробното производство на течни ќелии и на електролитот bi-ION. Паралелно со тоа треба да се одвива и производството на моделите Quant 48 V и Quantino 48 V. Компанијата вети дека ќе објави детали околу инвестицијата до крајот на првото полугодие.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

nanoFlowcell pilot zgrada

Дизајнот на центарот во когошто ќе се одвива пилот производството на електролитот и на возилата

[/tie_slide]

[tie_slide]

QUANTiNO

Техниката функционира несомнено, но кој ќе му ја дозволи на nanoFlowcell моќта да произведува и возила и „гориво“ за истите?

[/tie_slide]

[tie_slide]

Quantino vo Zeneva

Quantino уште пред две години имаше премиера на салонот во Женева

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

„Електролитскиот“ Quantino доби дозвола за тестирање

Премиера на Quantino во Женева: 1.000 километри со 350 литри солена вода

Nanoflowcell Quant F: Супер електричниот автомобил е пред старт

Quant-e претставува нова технологија на течни батерии

Овие марки може да се сретнат само на салонот во Женева

Електричен автомобил на солена вода прави голема сензација

Револуцијата на Nano Flowcell: Интервју со Нунцио Ла Векија

Салон Женева: NanoFlowcell е новата иднина на автомобилите на струја

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin V12 Vantage V600

Кога ќе пораснам сакам да бидам Aston Martin

Истрага за кобната незгода со Tesla Model S