за

BMW ќе тестира роботско такси по 2021 година

BMW центар автономно возење

BMW развива автомобили што возат сами. Баварскиот производител во 2021 година ќе стартува со масовно тестирање на роботско такси. За таа цел е поставена посебна компјутерска платформа со гигантски обем: 100.000 процесорски јадра и 200 графички процесори работат во посебен центарот во близина на Минхен.

Во голема новоградба на периферијата на Минхен се работи на иднината на автомобилите на BMW. Местото се вика Унтершлајсхајм и се наоѓа северно од познатите „четири цилиндри“ на марката. Центарот е наменет за автономно возење и започна со работа лани.

Во центарот работат ИТ-специјалисти, програмери, специјалисти за Deep Learning и други дисциплини од светот на вештачката интелигенција. Целта е во 2021 година да стартува со продажба првиот сериски автомобил со сопствена технологија за автономно возење на BMW. Станува збор за кросоверот iNext, кој ќе поседува автопилот од 3-то ниво и на автопат ќе може да вози самостојно со брзина до 130 km/h.

За нешто повеќе од две години во Минхен и околината ќе почнат да возат роботски автомобили на BMW

Развојот на технологијата нема да заврши тука. Во план е кон крајот на 2021 година да започне тестирање на возен парк од автомобили со автопилот од 4-то ниво, во услови на градски сообраќај. Тоа значи дека роботски автомобил на BMW ќе возат во германските градови со цел да се тестира техниката.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бидејќи работата на оваа технологија бара неверојатно моќна информатичка техника, Баварците основаа сопствен компјутерски центар, односно дигитална платформа за обработка на изобилството податоци. Платформата се води како D3 и претставува кратенка од Data-Driven Development. Тоа е неопходна технологија за безбедноста и сигурноста на автопилотот од 3-то ниво, што ќе се вградува во BMW iNext, на крајот на 2021 година.

Само за сместување на компјутерската техника и на тимот што работи на автономното возење беше потребно да се изгради комплетно нов центар во близина на Минхен

Техничарите во Унтершлајсхајм ќе користат податоци од реално возење, обезбедени од вкупно пет милиони километри пат. Овие податоци од реално возење понатаму ќе се комбинираат со податоци од 240 милиони километри виртуелно, симулирано возење, со цел да се обезбеди беспрекорна работа на идниот автопилот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Процесот на работа со толкав обем од податоци бара и соодветни „компјутери“. Платформата D3 располага со 230 петабајти капацитет за запишување податоци, со повеќе од 100.000 процесорски јадра и преку 200 графички процесори.

Моментно околу 80 возила од серијата 7 ги „пишуваат“ податоците, додека тестираат по западниот брег на САД, во Германија, Израел и Кина. До крајот на годинава, возниот парк ќе порасне на 140 автомобили.

За овие идни модели на BMW уште е добар зимскиот студ

BMW X1 само за Кина со нов хибриден погон и продолжена каросерија

По купе-лимузината Mercedes CLA доаѓа и BMW 2 Gran Coupe

Продажбата на BMW во минус, сите надежи во новата „тројка“

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Prius PHV продажба алтернативен погон Германија

Германскиот пазар се буди за погонот на струја

електромобилност регионална соработка

Пет балкански земји ќе соработуваат во електромобилноста