за

Германскиот пазар се буди за погонот на струја

Toyota Prius PHV продажба алтернативен погон Германија

Автомобилите со погон на струја или природен гас лани за првпат учествувале со повеќе од 5 проценти во продажбата на најголемиот пазар во Европа. Просечната емисија на СО2 сепак продолжува да расте, поради СУВ трендот

Германските возачи почнуваат да покажуваат поголем интерес кон електричните и возилата со погон на алтернативни горива, како метан. Во 2018 година, уделот на овие возила во вкупната продажба изнесувал 5,3 проценти. Една година претходно, оваа вредност изнесувала само 3,4 проценти. Трендот продолжува и годинава, со уште подрастичен раст во продажбата и удел од 7,8 проценти во продажбата во првите два месеци. Просечната емисија на СО2 сепак продолжува да расте, затоа што повеќе се купуваат големи автомобили со висока емисија.

Најголем раст има во продажбата на хибриди и на возила со погон на метан

Во апсолутна бројка, продажбата на возила со електрифицирана погонска спрега и со погон на алтернативни горива пораснала за 54,2 проценти во споредба со 2017 година. Најмногу напредувале возилата со погон на метан, со раст од 190,2 проценти и вкупно 10.804 продадени автомобили.

⇒ Учество на возилата со алтернативен погон во вкупната продажба на германскиот пазар (2014-2019)
New item by Automedia MK / Google Photos

Впечатлив раст од 78,9 проценти имаат и класичните хибриди (без приклучок за полнење), но затоа и нивниот број е многу поголем, со вкупно 98.816 продадени возила. Со погон само на струја се продале 36.062 патнички автомобили или за 43,9% повеќе отколку преклани. Нивниот удел првпат надмина еден процент.

Возилата со дизел мотор лани учествувале со само 32,3 проценти (-6,5%), додека пораснал уделот на бензинците, на 62,4 проценти (+4,7%)

Во земјата лани се продале 3,4 милиони патнички автомобили (-0,16%). Иако се зголемува уделот на возила со електрифицирана и електрична погонска спрега, расте просечната емисија на СО2 од сите продадени автомобили. Статистиката го води само периодот од јануари до септември, пред преоѓањето на новата норма WLTP, којашто самата ќе донесе повисоки вредности на СО2.

⇒ Учество на одделните видови алтернативен погон во продажбата на возила на германскиот пазар (2014-2019)
New item by Automedia MK / Google Photos

За првите девет месеци од 2018 година, Германците пресметале дека просечната емисија на СО2 на новите автомобили пораснала за 3,8 грами, на 132,2 грами на километар. Според пазарните аналитичари, тоа се должи на зголемената продажба на СУВ-модели и теренци, на сметка на смалената продажба на градски и компактни автомобили. Земјата и натаму е над европскиот просек, кој изнесува 118,5 грами СО2 на километар. Цел на ЕУ е просечната емисија на стакленичкиот гас да се намали на 95 грами на километар до 2021 година.

Жителите на Варшава добиваат 500 електрични возила за кусо изнајмување

Шпанија со 45 милиони евра субвенции за електрични возила

Електричен и шведски Polestar 2 за 40.000 евра: Готово е!

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Ceed Red Dot Award 2019

Цело моделско семејство на Kia Ceed со награди за дизајн

BMW центар автономно возење

BMW ќе тестира роботско такси по 2021 година