Ситроен преку концептен автомобил го најавува идниот Ц5 Еркрос

Со 4,65 метри, концептниот Ситроен Ц5 Еркрос е подолг од сегашниот модел, меѓутоа е понизок, и тоа му дава уште поелегантна појава.

Ситроен на салонот во Париз, што почнувајќи од денешниот ден за новинарите ќе ги донесе најновите модели, со концептниот автомобил Ц5 Екрос ја подготвува сцената за втората генерација на својот компактен СУВ-модел. Премиерата на серискиот модел се очекува кон средината на 2025 година. Во гамата на новиот Ц5 Еркрос ќе биде достапен и модел со целосно електирчен погон. Неговиот досег ќе изнесува до 680 километри.

Концептот во „95 проценти“ се совпаѓа со серискиот модел, посочи извршниот директор Тиери Коскас на салонот во Париз.

„Ц5 Еркрос беше голем комерцијален успех за нас,“ кажа Коскас за моделот што е знаменосец на марката на Стелантис, „но, време е да го обновиме.“

Новиот Ц5 Еркрос ќе биде конструиран врз платформата СТЛА Медиум, којашто може да користи и мотори со внатрешно согорување и целосно електричен погон. Следната генерација на Ситроен Ц5 Еркрос ќе ја дели платформата со низа компактни СУВ-модели на концернот Стелантис, вклучувајќи ги Пежо 3008 (тест), Опел Грандленд и новиот Џип Компас.

Тековната генерација на Ситроен Ц5 Еркрос почна да се произведува во 2017 година. Изборот од погонски единици вклучува 48-волтен благ хибрид и приклучен хибрид.

Новиот модел исто така ќе се произведува во Рен, Франција. Стелантис вложи 173 милиони долари, за фабриката да ја подготви за производство на изведбата на Ц5 Екрос со целосно електричен погон.

Со 4,65 метри, Ситроен Ц5 Еркрос е подолг за 15 сантиметри од сегашниот модел. Висок е 1,66 метар, што е малку под тековниот Ц5 Екрос, којшто мери 1,69 метар во висина.

Ситроен не објави технички подробности за идната генерација на Ц5. Раководејќи се според Пежо 3008, може да се претпостави дека понудата од погонски единици ќе вклучува 48-волтен благ хибрид, приклучен хибрид и неколку изведби со целосно електричен погон, од коишто најспособната може да мине до 700 километри со полна батерија.

Ситроен во почетокот на годинава го обнови малечкиот СУВ модел Ц3 Еркрос, исто како и градскиот модел Ц3. Двата модели се конструирани врз платформата Смарт Кар на Стелантис, што дозволува цените да се спуштат значително.

На салонот во Париз, Ситроен прикажа и освежено моделско годиште на Ц4 и на кросоверот Ц4 Икс, како и неколку нови зафати на електричниот четирицикл Ами.

Продажбата во сегментот на компактни СУВ модели до август ја предводи Фолксваген Тигуан, со 118.722 возила, според податоците на Датафорс. По него следи Киа Спортаж. Францускиот СУВ не се најде во Топ 10, и до август се продаде во вкупно 28.977 примероци. Најдобра година му беше 2019, кога на пазарот во Европа беа испорачани близу 80.000 примероци.

Освен Тигуан и Спортаж, меѓу главните соперници се Рено Аустрал (тест) и Сеник, Нисан Кашкај и Шкода Карок.

Првата генерација на Ситроен Ц5 Еркрос почна да се произведува во 2017 година. Највисока продажба беше постигната во 2019 година, со околу 80.000 примероци.

Од моделите со целосно електричен погон, во сегментот се нудат БИД Ато 3 (најпродаван ЕВ во 2023 година во сегментот), Пежо 3008 и Опел Грандленд, исто како и Фолксваген ИД.4 и идната Шкода Елрок. Според Датафорс, во следните две години треба да бидат лансирани околу 20 целосно електрични СУВ модели од компактната класа.

Видеото од тестот на Ситроен Ц5 Еркрос

Претходна објаваДонгфенг првпат во македонскиот Топ 10, Шкода најпродавана марка во август
Следна објаваРетро-футуристички Рено 4 се придружува во растечката понуда од малечки електрични СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here