за

Техниката на кинески Чери ќе се вградува во европска премиум марка

Покрај двете марки со коишто Чери е пред потпишување договор за соработка, кинескиот производител е во преговори со уште две марки, за можно спојување.

Кинескиот производител Чери е пред потпишување договор, за својата техника да ја отстапи на европска марка премиум автомобили.

Кинески Чери Ауто ќе потпише договор за соработка со премиум марка од Европа, за отстапување на својата автомобилска платформа, кажа Јин Тонгјуе, претседател на производителот со седиште во Вуху.

„Две европски премиум марки сакаат да ја користат нашата платформа и ќе биде потпишан договор со едната од нив, што е поголема премиум марка од нашата,“ кажа Јин.

Јин напомена и дека договорот ќе биде потпишан во текот на неговата посета на Европа, што почнува во вторник.

Тој во неделата зборуваше на пренос во живо од настанот на којшто беше претставен СУВ-знаменосецот со електричен погон Екслантикс ЕТ. Тоа е модел на марката Ексид, дел од Чери Ауто.

Екслантикс ЕТ е конструиран врз платформата Е0Икс на Чери, што е наменета за најскапите модели со електричен погон.

Покрај двете марки со коишто Чери ги приведува преговорите кон завршеток, компанијата во државна сопственост преговара со уште две марки, околу можностите за спојување, додаде Јин.

Чери се приближува кон договор што ќе му овозможи да произведува автомобили во Шпанија. Тоа ќе биде прва фабрика на кинеската компанија во Европа. Веста во минатата недела ја соопштија шпанската влада и главниот преговарач ЕВ Моторс. Преговорите се насочени кон производство на возила на Чери во фабриката во Барцелона, што Нисан ја затвори во 2021 година.

Во Кина, Чери има заедничка компанија со Јагуар Ланд Ровер, за производство на моделите на Јагуар и Ланд Ровер во фабриката во Чангшу, за покривање на регионалниот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На германските возачи им престои уште еден блицер-маратон

Смарт Форту повеќе не се произведува, Мерцедес и Џили работат на наследникот