Три модели на Audi во новиот „Спајдермен“

audi e-tron spajdermen
audi e-tron spajdermen

Електричен Audi e-tron, заедно со A7 и Q8, се автомобилските ѕвезди во новото продолжение на филмскиот серијал Спајдермен. Посебно е снимена најава за филмот, во којашто Питер Паркер го вози концептниот Audi e-tron GT, уште еден автомобил на струја.

Пред премиерата на „Спајдермен: Далеку од дома“, којашто ќе се случи летово, Audi и Sony Pictures објавија ексклузивна видеонајава за филмот. Во кусото видео со наслов „The Science Fair“, Питер Паркер (Том Холанд) и неговиот најдобар пријател Нед (Џејкоб Баталон) учествуваат во истражувачки натпревар во училиштето. За да има најдобра презентација на натпреварот, Питер во последен миг се појавува пред жирито со маестрално дело: Со електричниот Audi e-tron GT concept.

Audi го користи партнерството со филмскиот огранок на Sony за популаризација на електричниот погон, на спектакуларен начин со којшто се постигнува целосен ефект пред публиката.

Audi е спонзор на светската премиера на „Спајдермен: Далеку од дома“ во Холивуд, којашто претстои летово. Триото од електричниот Audi e-tron, Audi A7 и Q8 ќе се појави и за време на холивудската премиера.

Групно преземање на 38 примероци од Audi R8 во Инголштат

Дваесет години и нов Audi A6 allroad quattro

Audi e-tron во мај со 856 испораки во САД

Audi ги откажува TT и R8, најавува супер-осумка

Претходна објаваШвајцарски превозници тестираат електрични камиони на Mercedes
Следна објаваPininfarina Battista со 1.900 КС ѕвезда на салонот во Торино