за

Pininfarina Battista со 1.900 КС ѕвезда на салонот во Торино

Pininfarina Battista salon torino
Pininfarina Battista salon torino

Автомобилската марка под славното дизајнерско име моментно го има суперскапиот и супербрз електричен автомобил Pininfarina Batista, кој ќе се изработи во најмногу 150 примероци. Посетителите на салонот во Торино имаат можност до недела да го погледнат во живо најмоќниот автомобил од италијанско производство, со неговите 1.900 КС.

Едно од најголемите имиња на сцената на автомобилскиот дизајн наскоро ќе почне да вози и како автомобилска марка. Automobili Pininfarina ја претстави новата изведба на Battista на авто-салонот на отворено во Торино.

Дизајнот на хиперавтомобилот со електричен погон во меѓувреме претрпе неколку измени, како што се приближува завршетокот на развојната фаза и почетокот на изработката на првите примероци. Серијата од најмногу 150 примероци ќе се изработува исклучиво рачно. Работилницата е во Камбијано, Торино, во седиштето на регионот кадешто со децении наназад се создаваше врвен автомобилски дизајн.

Pininfarina Battista имаше светска премиера на салонот во Женева пролетоска; Ова е прво појавување на италијанскиот хиперавтомобил пред пошироката публика на домашна територија

По појавувањето на салонот, развојот на Battista продолжува во воздушен тунел и првпат ќе се вршат дотерувања по тестирањето на тркачка патека. За последново е задолжен поранешниот возач во формула 1 и актуелен возач во формула Е, Ник Хајдфелд.

https://www.instagram.com/p/By8Bj3vgMnQ/

По една третина од целата серија од 150 примероци е резервирана за Европа, САД и за Средниот Исток и Азија. Цената изнесува 2 милиони евра, иако тоа е само ориентациски податок, затоа што секој иден сопственик на Pininfarina Battista ќе има посебни барања за својот автомобил од Automobili Pininfarina.

Батерија со капацитет од 120 kWh испорачува енергија до четирите електромотори, со вкупна моќност од 1.900 КС. Спринтот до сто ќе трае помалку од две секунди, а со полна батерија ќе се минуваат до 450 километри.

https://www.instagram.com/p/BumXRaNhrBu/

Pininfarina како автомобилска марка: Battista со 1926 КС

Pininfarina ќе спринтува до 300 km/h за помалку од 12 секунди

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron spajdermen

Три модели на Audi во новиот „Спајдермен“

Односите меѓу Renault и Nissan повторно во мирни води