за

Место за паркирање во Амстердам се продава за половина милион евра

Амстердам сака да се ослободи од автомобилите низ градот и бројот на места за паркирање е ограничен. Тоа влијае и врз цените.

Влезот од подземната гаража во којашто се продава место што продавачот го цени половина милион евра. Купувач ќе се најде.

За место за паркирање од 18 метри квадратни, продавачот бара близу половина милион евра. Со тоа, овој паркинг чини повеќе отколку просечен стан во Холандија. Местоположбата е посебна.

Во Холандија се продава едно од најскапите места за паркирање во Европа. За простор за паркирање со површина од 18 метри квадратни се бара 495.000 евра.

Паркингот се наоѓа во близина на Вонделпарк во прочуениот музејски кварт и со тоа е најскапиот простор за паркирање во Холандија. Според огласот на агенцијата за недвижнини, просторот од 18 метри квадратни се наоѓа во подземна гаража во затворен станбен комплекс „во најпознатата и најексклузивна улица за купување во Холандија.“

Овој простор на улица Хофтстрат, во близина на Ријксмузеум и Музејот на Ван Гог, може и да се изнајми по цена од 750 евра за месец.

Холандија се соочува со хроничен недостиг од станови. Според студија од 2023 година, во земјата недостигаат 390.000 станови. Кризата предизвика цените да достигнат астрономски висини. Тешко се наоѓа стан со цена што човек може да си ја дозволи.

Паркинг поскап од просечен стан

Според други студии, просечната цена на стан во Холандија во минатата година изнесувала 430.000 евра. Паркингов во музејскиот кварт со тоа е поскап од просечен стан.

Во Холандија недостигаат и места за паркирање. Голем дел од постоечките паркиралишта се затворени, за центарот да се ослободи од автомобилите. Тоа е уште поделотворен начин за да се врати нормалниот живот во градовите, отколку поскапувањето на паркирањето на јавен простор.

Бројот на места за паркирање на јавна површина е сведен на минимум. Амстердам строго ја следи политиката за да го ослободи центарот од автомобили и во моментов се чека долго за градот да издаде дозвола за паркирање за жителите.

Тоа предизвика и цените на приватните простори за паркирање да пораснат. Кога нешто е ретко, цената се качува. Колку поретко, толку поскапо. Но, ова е првпат, продавач да бара половина милион евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ферари држи традиција со Додичи Чилиндри, наследничка на 812

Шефот на Шкода: „Автомобилите со мотори со внатрешно согорување нема едноставно да исчезнат“