Ферари држи традиција со Додичи Чилиндри, наследничка на 812

Додичи Чилиндри е најновиот знаменосец на Ферари во гамата на модели со мотор напред, во замена за 812 Суперфаст.

Ферари можеби се подготвува за електричната иднина со неколкуте модели со приклучен хибриден погон, но најновиот модел со мотор напред останува на атмосферски Ве-12, без турбо, без електро.

Марката суперавтомобили го нагласува тој податок со името на новото купе, 12Чилиндри, доџичи-чилиндри, со коешто ја заменува 812 Суперфаст. На местото на 812 ГТС доаѓа 12Чилиндри Спајдер.

Моторот Ве-12 од 6,5 литри во купето и во спајдерот располага со 830 КС при 9.500 вртежи во минута и произведува 678 њутнметри при 7.250 вртежи. Тоа се исти вредности како кај специјалната серија 812 Компетиционе, којашто привршува со своето производство.

Испораките на купето во Европа ќе почнат во последното тромесечје, за еден квартал подоцна да почне да се опслужува и пазарот во САД. Приближно во исто време ќе почнат и испораките на спајдерот.

Основната цена на 12Чилиндри во Италија изнесува 395.000 евра, додека 12Чилиндри спајдер ќе стартува од најмалку 435.000 евра.

Прв конкурент ѝ е Астон Мартин Ванквиш, купе со мотор напред, што ќе располага со твин-турбо Ве-12 со моќност од 835 КС. Меѓу соперниците со мотор напред секако спаѓа и Мерцедес-АМГ ГТ Купе, што почнува од околу 200.000 евра.

„Опасен избор“

Енрико Галиера, првиот човек за маркеринг во Ферари, на настанот што неделава се одржа во Маранело им соопшти на новинарите дека развојот на 12Чилиндри започнал во 2020 година, кога се чинело дека светот е подготвен за целосо да се префрли на струја.

„Тоа беше скап и ризичен избор“, купето да се базира на бензинец без хибридна поддршка, кажа Галиера. „Сакаме да веруваме дека уште има доволно простор да се наоѓаат технички решенија и за минатото и за иднината“, порачува директорот.

Купето и родстерот со Ве-12 го наоѓаат своето место во средината на понудата на Ферари, кажува Галиера, сместени меѓу спортските автомобили како Рома и Портофино, и „пилотските автомобили“, како што се 296 ГТБ и СФ90 Страдале.

Ферари очекува купето и спајдерот да учествуваат еднакво во продажбата на моделот. Наскоро ќе биде затворена книгата со нарачки. За нови клиенти на Ферари се резервирани само 10 до 15 проценти, додека за постоечките сопственици на модел од Маранело ќе биде наменета практично целата продукција.

Маранело не ја објавува светската продажба по модели, меѓутоа според Датафорс, на европскиот пазар лани биле продадени 921 примероци од 812 Суперфаст, заедно со ГТС. Тоа претставува околу 18 проценти од вкупната продажба на Ферари во Европа.

Полесни делови на моторот

Развојот на моторот за 12Чилиндри бил посветен главно во смалувањето на тежината на деловите, со цел да се овозможи постигнување повисоки вртежи, соопшти Џанмариа Фулгенци, директор на развој на нови модели. Клиповите, на пример, полесни се за 2%, додека коленестото вратило е олеснето за 3 проценти.

Осумстепениот менувач со двојна спојка во 12Чилиндри менува степени за 30 проценти покусо во споредба со 812. Преносните односи во пониските степени на пренос се скусени за 5 проценти, за да се подобри забрзувањето: Спринтот до темпо сто трае 2,9 секунди, крајната брзина е над 340 км/ч.

Скусено меѓуоскино растојание за поголема агилност

Новото алуминиумско подвозје на 12Чилиндри има за 20 милиметри скусено меѓускино растојание во споредба со 812, за да се зголеми агилноста. Торзиската крутост е подобрена со нови делови што се изработени со леење под притисок, како на пример, држачите на амортизерите, а со тоа им е воедно смалена и тежината.

И покрај тоа, 12Чилиндри со своите со 1.560 килограми е за 25 кг потешка од 812 Суперфаст. Фулгенци објаснува дека дополнителните килограми доаѓаат од потешката хауба, тркалата од 21 инчи што се поголеми и од задните активни аеро-спојлери.

Новата 12Чилиндри користи управување на сите тркала, со задни тркала што се вртат независно одно од друго. Овој систем првпат беше вграден во 812 Компетиционе. Новиот систем помага возилото да се стабилизира и на правец и во долги свијоци, и покрај тоа што има покусо меѓуоскино растојание, кажува Фулгенци.

Инспирација од 365 ГТБ

Ферари соопшти дека тимот дизајнери предводен од Флавио Манцони добил задача за од корен да го смени стилскиот правец од претходните купеа со Ве-12.

Новиот модел означува храбро напуштање на скулптурниот јазик на 812 Компетиционе, кажува Ферари, со „ултра чисти“ страници.

Светлата се сместени во широк црн појас, од кого што се издвојуваат дневните светла. Сличен пристап има и назад. Исто како во предниот дел, задните светла се наоѓаат во единствена лента што се протега по целата ширина на опашот. Место да користат заден спојлер, дизајнерите се решија за две активни перки што се дел од задното стакло и на тој начин создаваат препознатлива шема „делта“.

Ферари 365 ГТБ4 Дајтона. Фото: Ferrari

Манцони вели дека главната инспирација за 12Чилиндри дошла од 365 ГТБ4 Дајтона од доцните 1960-ти, но во дизајнот не се одело на картата на ностагија. Замислата била „да се постигне многу чист ефект, совршено соединување на функциите, не типично и традиционално лице со очи, со уста и слично, туку еден вид сај-фај едект,“ објаснува дизајнерот.

Претходна објаваСтелантис вработува инженери во Бразил и Индија, таму работат за помалку
Следна објаваМесто за паркирање во Амстердам се продава за половина милион евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here