Италијанскиот производител на мотоцикли MV Agusta му посвети специјална серија од моделот Dragster RR на двократниот шампион во формула 1, Луис Хамилтон.
Во директна соработка со истражувачкиот центар „Кастиљони“ на MV Agusta, Луис Хамилтон доби мотоцикл со спецификации и перформанси какви што тој ги побара од италијанската марка. Создавањето на Dragster RR се состоеше од постојана соработка меѓу светскиот шампион во формула и тимот на MV Agusta, почнувајќи од осмислувањето на мотоциклот до неговата рачна изработка.
Џовани Кастиљони, шеф на MV Agusta, изјави: „Горди сме на партнерството со пасиониран тркач каков што е Луис Хамилтон. Голема вест е за нас и за целиот свет дека тој ја обожува MV Agusta.“ Сите примероци од ограничената серија Lewis Hamilton Dragster RR ќе бидат изработени рачно, од врвни мајстори во фабриката во близина на Варезе.
















