Мрежата Intercharge со стотици нови полначи за електромобили низ Европа

Платформата за е-роаминг Hubject ја прошири својата мрежа со стотици полначи за електромобили низ Европа. Целта е со само еден кориснички договор да се полнат батериите во која било европска земја.

Возачите на електрични автомобили во Норвешка, Финска, Шведска, Данска, Франција, Швајцарија, Франција и Германија отсега можат да ги користат неколкуте илјади полначи од мрежата Intercharge во која било од овие земји, исто како во сопствената земја. Преку 190 претпријатија во моментов користат вмрежување на нивните станици во реално време, вклучувајќи пристап за возачите на електрични автомобили преку мобилна апликација, картичка RFID, NCF (Near Field Communication) или Plug & Charfge. До крајот на годинава мрежата Intercharge ќе се прошири на уште неколку европски пазари.

Мрежата Intercharge моментно располага со 5.853 полначи за струја низ цела Европа

Целта на претпријатијата членки на Hubject е да се развијат решенија кои на возачите на електрични автомобили ќе им овозможат едноставно да ги лоцираат станиците за полнење во цела Европа и да ги користат истите со само еден кориснички договор за струја за електрични автомобили. Комуникацијата меѓу различните системи на станици за полнење, платформата Hubject и паметниот телефон на сопственикот на возилото се одвива целосно автоматизирано. На тој начин се намалуваат трансакциските трошоци и се овозможуваат нови дигитални решенија.

Претходна објаваЛуис Хамилтон доби специјалнa серија од MV Agusta Dragster RR
Следна објаваRenault „заробува“ луѓе за да им приреди незаборавна вечерна авантура

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here