за ,

Renault „заробува“ луѓе за да им приреди незаборавна вечерна авантура

Колку ќе беше здодевно да не постоеја автомобилските марки. Renault осмисли оригинален концепт на забава што започна во Париз, а ќе следи во уште три гранцуски градови. Концептот: „Зароби“ и забавувај.

Captur the Night е името на уникатниот концепт којшто привично се реализираше во Париз, а наскоро ќе следи и во Лил, Лион и Тулуз. Замислата е на учесниците да им се понуди уживање во возбудливи авантури од 19:30 часот до раните утрински часови. Captur, инаку, е хиперпопуларниот кросовер на Renault, што креативците на марката го искористија за слободни варијации на тема „capture“, англиски збор за „зароби“.

Во промотивниот филм што ќе биде прикажан на 22-ри октомври, тринаесетмина лица се „заробени“ во Париз и пуштени во авантура полна со изненадувања до рани зони, вклучувајќи приватен концерт на Села Сју на париските мансарди, интимна вечера во кујната на прочуената готвачка Стефани Ле Квелек, како и трка со го-карт во супермаркет, заедно со комичарот и поранешен тркач Стефанде Грот.

На 30-ти октомври во Лил, на 6-ти ноември во Лион и на 13-ти ноември во Тулуз, 250 среќници ќе добијат шанса да доживеат незаборавна вечер. За добивање шанса за учество, сепак мора да се присуствува во овие француски градови и да се фотографира еден од 15-те примероци на Renault Captur што ќе кружат промотивно по улиците на градот, за потоа фотографиите да се постираат на www.capturthenight.fr.

Никој нема да забележи доколку и македонскиот Renault спроведе слично „заробување“ по улиците во нашите градови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мрежата Intercharge со стотици нови полначи за електромобили низ Европа

Првиот Lexus произведен во Америка